ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дигиталната писменост најголем предизвик за имплементацијата на е-услугите на Западен Балкан

January 22, 2021 14:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сите услуги да се од една точка и граѓаните да можат со неколку клика да ја добијат услугата која им треба, воедно, да се работи на тоа граѓаните да добијат адекватна едукација со која што ќе можат да се адаптираат кон користењето на дигиталните услуги, сè со цел да се хармонизираат дигиталните иновации со локалната и националната легислатива. Ова беа заклучоците на денешните „Регионални дијалози за дигиталната агенда“ кои беа организирани во рамките на проектот „Зголемување на граѓанскиот ангажман во дигиталната агенда – ИЦЕДА“, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис.

На настанот беше презентирано регионалното истражување „Основно истражување на состојбата на развој на е-влада и дигитална писменост во целните земји од Западен Балкан 2020“ и земаа учество претставници од владините институции од Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово како и претставници од граѓанските организации.

Истражувањето, кое што го сподели Миша Бојовиќ, виш истражувач во ЦРТА (Центар за истражување, транспарентност и отчетност), покажало дека регионите се еднакви кога станува збор за нивото на имплементација и проблемите со кои владите се соочуваат во имплементирањето на активностите поврзани со дигиталната агенда. Таа посочи дека дигитализацијата сè уште не претставува голем дел од административните промени, мал е кругот на експерти кои се занимаваат со дигиталната агенда и земјите доцнат со авторизацијата и воспоставувањето на легалните акти. Истражувањето ја лоцира дигиталната писменост како една од главните проблеми.

– Уште на почетокот од истражувањето воочивме дека терминот „дигитална агенда“ е познат само на еден помал круг од експерти и граѓаните не беа запознаени со оваа иницијатива и следствено не беа во можност да ги воочат бенефитите од истата. Ова, последователно, влијае на динамиката на имплементацијата. Од сите 5 земји, единствено Србија го лоцираше овој проблем и презема мерки за справување со истиот, образложи Бојовиќ.

На настанот свое обраќање имаше и Солза Ковачевска, државен советник во Министерството за информатичко општество и администрација на РСМ, која ги сподели последните активности во однос на дигиталната агенда во Северна Македонија. Па така, таа нагласи дека дигиталната агенда е интегрирана како еден од столбовите на Националната стратегија за ИКТ и таму е детално обработена.

Националниот портал за е-услуги до крајот на 2020 брои над 30 илјади регистрирани корисници и 139 електронски услуги кои целосно може да се добијат преку порталот. Порталот имаше улога и во спроведувањето на економските мерки за справување од последиците со корона кризата. Преку порталот во соработка со Министерството за образование и наука, беа издадени ваучери за обуки за дигитални вештини за 2500 млади лица до 29 години, дополни Ковачевска.

Говорниците беа согласни дека е многу тешко бидејќи граѓаните не се запознаени со дигиталните услуги и полесно им е да одат и да ја завршат работата со физичко присуство отколку на интернет. Тие заклучија дека иако основата е поставена, има неколку работи на кои мораме да работиме заедно како општество, институции, граѓански сектор, медиуми и граѓани за да се дојде до целта на дигитализацијата да го поедностави процесот и да го подобри животот на граѓаните.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk