Застрашувачки податоци се кријат во скандалозната група „Јавна Соба” на Телеграм, која пред скоро време беше реактивирана. Само еден член на оваа група кој редовно објавува слики, според скриншот од архивата од каде се преземаат материјалите, се гледа дека поседува повеќе од 10.000 материјали, слики и снимки.
Не се знае сигурно дали сите слики се со експлицитна содржина, но доколку тоа се потврди, тоа би била скандалозна архива која ризикува поголем круг од потенцијални жртви.
Сомнежот дека сите слики се со иста содржина расте од фактот дека неколку објавени слики се приметуваат дека се земаат од иста архива.
На жртвите, освен што им се објавуваат интимни слики, се линчуваат јавно, ѝм се објавуват лични податоци и телефонски броеви.
А.Зеќири