Експлицитна и застрашувачка архива се крие во „Јавна соба“, само еден член има над 10.000 фотографии и снимки. На жртвите, освен што им се објавуваат интимни слики, се линчуваат јавно, ѝм се објавуват лични податоци и телефонски броеви.
Деновиве сме згрозени што повторно сме сведоци на случајот „Јавна соба“, случај во кој фрапантно се крши приватноста на илјадници жени и девојчиња, понижување, сексизам и насилство кои оставаат трајни последици на нивните животи, вели претседателот на државата Стево Пендаровски. Престапниците да бидат гонети, да се покаже солидарност и поддршка на жртвите, да не дозволиме двојна виктимизација, бара Пендаровски.
Република Северна Македонија не е држава на проценти како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку држава на еднакви, рамноправни граѓани. Попис ќе има, деструкциите на Мицкоски и неговиот шеф Груевски ќе бидат поразени, велат од СДСМ.
Во период кога се бележи стабилизација на состојбата со Ковид-19 во државава, детектиран е британскиот сој на вирусот, кој има побрза трансмисија за 70 проценти, но е со полесна форма. Иако Британската мутација на коронавирусот не ја избегна и државава, Филипче смирува, нема простор за паника.
Со заклучок на Владата, Министерството за здравство доби задолжение да спроведе постапка за набавка на 200.000 единечни дози од САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19. Станува збор за нова набавка на дополнителни количини покрај оние од КОВАКС механизмот од 833.000 дози на вакцина за кои Министерството за здравство изврши уплата на авансот.
Се бараат вакцини за 4 милијарди луѓе, побарувачката е голема, проблем е производството. И овие проблеми со вакцините се случуваат во речиси секоја земја – членка и на НАТО, рече Шекеринска.
Последниот случај со кривичната пријава која ОВР-Прилеп ја поднесе против поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески, е уште еден во низата докази за 12 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, вели Филип Попоски, портпарол на ОО СДСМ-Прилеп.
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи седница за поставување пратенички прашања. Пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите.
Со сослушување сведоци на одбраната продолжува судењето за организаторите на 27 април, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
За украсување на град Скопје и уште 15 други општини во земјава за Новата 2021 година се потрошени вкупно 405 илјади евра, што е за 40 проценти помалку од лани, се вели во соопштението на Центарот за граѓански комуникации.