ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Овозможен увоз на вакцини против ковид-19, активни 7.766 случаи

February 2, 2021 07:47
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Услови за увоз на вакцини за Ковид-19 во земјава се овозможуваат со дополнетиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, што вчера беше усвоен со консензус во Собранието.

Во Законот, поддржан и од опозициските пратеници, се прецизира дека за ставање вакцина за SАRS COV 2 во промет, покрај претходно предвидените правни лица, барањето може да го поднесе и производител на лекови со регистрирано седиште надвор од територијата на државава, правен застапник на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на државава,  подружница на странски производител со регистрирано седиште надвор од земјава и  трговско претставништво на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на земјава.

Премиерот Зоран Заев во интервју за печатеното издание на „Капитал“ вели дека обезбедуваат вакцини на сите можни начини и од сите можни извори кои светот ги користи и кои несомнено покажуваат резултати и се докажано безбедни.

– Очекуваме во текот на февруари во земјава да пристигнат вакцини од повеќе производители достапни за граѓаните, а првите верувам ќе бидат вакцината на „Фајзер“ и вакцината на „Синофарм“. Ние сме целосно подготвени за првите количини од аспект на нивното складирање во соодветни услови, од аспект на правно-процедурални постапки и се разбира од аспект на организациски план за вакцинирање. Затоа ја направивме и измената на Законот за лекови од причина што глобална политика на производителот на вакцини „Фајзер“ со кој имаме договор, бара да аплицира како меѓународно претставништво, а не преку фирма регистрирана во нашата држава, вели Заев.

Според него, дополнителни позитивни промени најавува и одлуката на „Фајзер“ да се врати на првичниот распоред на испораки на вакцините во Европската Унија со обврска зголемените испораки да започнат на 15 февруари за да се исполни договорот за испорачување на договорените количини.

Утврдениот Национален план за имунизација на населението предвидува вакцинацијата против КОВИД-19 да биде спроведена во три фази. За спроведување на вакцинацијата ќе се користи постоечката здравствена инфраструктира и кадарот кој досега ја спроведува вакцинацијата. Во прв ред, тоа се превентивните служби за имунизација во рамки на Здравствените домови во кои се врши задолжителната имунизација и епидемиолошките служби во центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици, во кои се врши имунизација по епидемиолошки и клинички индикации.

Според последните податоци на Министерството за здравство, бројот на активни ковид случаи во државава изнесува 7.766, од кои 4.014 се во Скопје. Во вчерашната ковид статистика за претходното деноноќие во државава беа регистрирани 61 нов случај со Ковид-19 од направени 675 тестирања. Починати се уште 11 лица, а регистрирани се 440 оздравени пациенти.

Како што соопштија вчера од МЗ, на инфективните оддели во земјава се хоспитализирани 595 пациенти со Ковид-19 од кои 252 во Скопје.

Вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица во држвава од почетокот на епидемијата изнесува 92.753, на оздравени пациенти е 82.121, а на починати е 2.866./ МИА/.

Next Post

„Санофи“ отстапи своја фабрика за вакцини на Фајзер

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk