ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Пендаровски: Власта и опозицијата да си подадат рака – пописот да биде во мај или јуни, бојкот да нема

February 2, 2021 19:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски смета дека може да се направи компромис за пописот и двете спротивставени политички опции да си подадат рака – власта да се согласи пописот да се спроведе во мај или во јуни, а опозицијата да не го бојкотира.

-Со ова се обидувам да направам мост меѓу двете политички опции. Тврдам дека политичката поларизација ја уназадува нашата држава повеќе од се друго. Проблем ли е да ги повикаш твоите да не прават бојкот или пописот да биде во мај или јуни. Да си подадеме рака. Не гледам причина зошто пописот да не се одложи за месец или два. Сосема легитимни се барањата од аспект на здравството. Ако сме чекале 20 години, нема да е грев да биде во мај или јуни, но да го направиме за да нема воопшто страв кај граѓаните поради ковидот, рече Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ 24.

Бојкотот на пописот, оцени Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ може само да и нанесе повеќе штета. Според него, поиздржано би било да не се признаат резултатите, отколку да се бојкотира процесот.

За шефот на државата небулозни се обвинувањата дека Заев и Ахмети договориле штелувани резултати на пописот за да има 32 отсто Албанци во државата. Пописот е најдобро да се одржи по класичниот метод, од куќа до куќа, но добро е да биде засилен и со новите методологии.

-Ако направиме саглам традиционален попис засилен со нови методологии, гарантирам дека можеме со мала политичка волја да ги исчитиме и гласачките листи за локалните избори, рече Пендаровски.

Во несогласувањето и критиките околу врзаниот потпис, тој препознава нечија скриена политичка агенда. „Фамозниот двоен потпис“, оценува претседателот, има политичка логика која произлегува од 2001 година, од Рамковниот договор. Тој е дециден дека двојниот потпис е раритет во Европа, но и Рамковниот договор, нагласува, е раритет.

-Очигледно некој има скриена агенда што не сака да ја соопшти и тука всушност се случува политизацијата на пописот. Сметам дека од повикот на бојкот ќе има штета онаа етничка заедница за која се залагаш, а можно е на крај на пописот некои политички субјекти  да кажат дека не ги признаваат резултатите, тоа е легитмно. Со бојкотот ќе се направи голема политичка штета, нема да добиеш ништо, туку ќе изгубиш, потенцира претседателот, но сепак признава дека имало неколку издржани решенија од опозицијата во однос на Законот за попис кои не биле прифатени од власта.

На прашањето дали може повторно да ги седне на заедничка маса Зоран Заев и Христијан Мицкоски, Пендаровски вели дека е подготвен за такво нешто.

-Јас можам, но ви кажувам дека нема да се согласи другата страна да дојде. Инаку јас сум подготвен, јас сум тука. Не можете со сила да ги влечете на маса, ако тој ви вели – јас не комуницирам со тебе зашто си му дал мандатот на Заев, напомена Пендаровски и додаде дека од летото немал средба со Мицкоски.

Претседателот смета дека Мицкоски не комуницира со него од некаков внатрепартиски резон кој, пак, служи за оправдување на изборниот неуспех што ВМРО-ДПМНЕ не го очекуваше.

-Тоа нема никаква врска со моето евентуално пречекорување на уставните надлежности. Јас сум обврзан мојата врата да биде постојано отворена за сите, за тоа сум платен од граѓаните. Со сите останати чинители имам регуларна комуникација, и со албанската опозиција и со невладините и со граѓанските здруженија, освен со ВМРО-ДПМНЕ, по нивна желба и прилична тенка аргументација. Мене ми е жал заради тоа, имам искрена желба да направам сосема поинаква кохабитација со оној што е опозиција. Понудив и на секоја седница на Советот за безбедност да има претставник од опозицијата, но тие тоа го одбија со образложение дека таму се разговараат тривијални теми, а во првиот месец од мандатот им предложив четирите главни дипломатски поста да ги решиме заедно, Вашингтон,Њујорк и во Брисел двете позиции – НАТО и ЕУ, но и тоа беше одбиено, рече Пендаровски.

Next Post

Шахпаска: Човечкиот капитал е исклучително важен за секоја земја и вложувањето во истиот треба да биде одговорност за секоја Влада

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk