ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Финансиска поддршка за плати, реформата во образованието е лекот, презентиран планот за вакцинација – се почнува со кинеската вакцина

February 6, 2021 17:52
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Финансиска поддршка за плати за компаниите погодени од ковид-кризата ќе има. Но, делот којшто го разговараме е моделот којшто ќе биде општо заедно прифатено и затоа веќе 10-ина дена непосредно комуницираме со синдикати, со комори, ги слушаме нивните забелешки и најверојатно во брзо време, да не кажам утре, задутре, ќе донесеме одлука кој е најприфатливиот дел којшто ќе одговори на тие на кои навистина им е најпотребен, истакна на денешната прес-конференција заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економски ресори Фатмир Битиќи.

Предложената реформа во основното образование е лекот за излегување од
маѓепсаниот круг на авторитарна политичка култура, да се биде или не, рече Катерина
Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки, вчера на собраниската
јавна расправа за концепцијата за основно образование.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Коста Петров и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција го најавија отворањето на првиот од 11-те јавни повици за оваа година за ко-финансирани грантови за технолошки развој и за забрзан економски раст на ФИТР. Повикот ќе биде отворен до 6 април, а детали и правилникот за аплицирање ќе бидат објавени на веб страницата на Фондот.

 Во најголемата криза со пандемијата, политиката преовладува наспроти логиката да се помогне на тие на коишто им е потребно, истакна денеска вицепремиерот Фатмир Битиќи на прес-конференцијата на која беше претставен јавниот повик за ко-финансирани грантови за технолошки развој и за забрзан економски раст на ФИТР, прашан за неискористените во целост, најавени една милјареда евра како помош.

Во понеделник ќе се потпише договорот за набавка на 200.000 вакцини за Ковид-19 од Кина, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Регистрацијата ќе се врши преку „Мој термин“, кој ги анализира по однос на возраст и хронични болни. Се известуваат сите матични лекари за пациентите кои се кај нив. Тие ќе ги исконтактираат граѓаните, да ја утврдат волјата за вакцинирање и да се определи пунктот за вакцинација. Кога ќе се отворат термините списокот се враќа кај матичниот лекар, и тој по вторпат ги контактира пацинетите да им соопшти термин.

Парламентарното мнозинство е стабилно, порача денеска од Штип, Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, откако вчера претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски побара предвремени Парламентарни избори. Николовски забележа дека СДСМ е најголемата и најразноликата политичка партија, која ја добила целосната поддршка од граѓаните, како и од македонскиот исток со што, какошто вели, се прати пораката дека граѓаните застануваат зад членството во НАТО, ЕУ, како и за западниот концепт и за трансформација на општеството со нови европски вредности, поголеми плати, крупни капитални проекти.

Методологијата има за цел обезбедување единствени принципи за организирање на попишувањето и единствена примена на методолошките основи при попишувањето и е наменета за сите учесници во пописот утврдени со Законот за попис, но и за сите корисници на резултатите од пописот.

Министерот посочи дека отворени се и за руската вакцина, но во овој момент, како што рече, нема да прават ништо конкретно кон ниту еден друг извор на вакцини, од една страна за да се види како ќе тече процесот на имунизација и понатаму за да видат каква ќе биде динамиката со која ќе стигнуваат вакцините од другите инструменти.

Следната недела очекуваме да ја објавиме веб-страната што ќе биде од информативна природа и ќе го содржи делот за пријава, односно за изразување на интерес за вакцинација, информираше денеска на прес-конференција Жаклина Чагаровска од „Мој Термин“.

Бошњаците целосно го поддржуваат пописот на населението во кој ќе се вклучат со сите свои ресурси, изјави денеска Аделаид Каришик, координатор на „Координативното тело на Бошњаците“

Next Post

Фон дер Лајен за ФАЦ: Поединечните набавки на вакцини ќе ја загрозат ЕУ

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk