МОН: Прифатлив е моделот за државната матура, го задржуваме стандардот и е во интерес на сите матуранти. Уште утре Матурскиот одбор ќе ги разгледа сите прашања кои произлегуваат од предложените услови, по што ќе се воспостави методологијата за полагање на државната матура.
Средношколците се согласија на компромис – матура со два екстерни и два интерни испити. Овој чекор повлекува промени и во начинот на добивање на поените за државната матура, па екстерните испити ќе носат најмногу 20 поени (наместо сегашните 30), интерните најмногу 16 (наместо сегашните 6)
и проектната задача ќе продолжи да носи најмногу 4 поени.
Заев: Интензивно работиме на подобрување на условите на здравствените домови ширум државата. @ZdravstvoMK направи скрининг на објектите од Здравствен дом – Скопје и на последната седница ја усвоивме повеќегодишна јавна набавка на градежни работи, за замена на времените објекти.
Филипче: Политиката не игра улога во набавката на вакцините. Тoa e прашање кои ги следи правилата во делот на завршување на студиите и сертификатите. Сега како завршуваат сите други процеси кај другите производители така ќе се зголемува и достапноста до вакцини, вали Филипче.
Пандев: Ако не се смени нешто во ФФМ, ќе се тргнам настрана! Излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал, за нашата (аматерска) лига, колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период… Спремен сум ако не се сменат некои работи, ако клубовите не одлучуваат во ФФМ, да се тргнам настрана…“, напиша Пандев.
Расчистени улиците во Општина Центар, активностите продолжуваат и во вечерните часови. После обилните врнежи на снег кои го зафатија Скопје изминатото деноноќие, активирани се сите општински ресурси и на терен се расчистува снежната покривка, која на одредени места надминува и 25 сантиметри.