ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Заради посветеноста во зелената енергетска транзиција на располагање ни се 80,5 милиони евра за инвестиции во чиста енергија (ВИДЕО)

February 15, 2021 15:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Потпишувањето на договорот значи користење на грант неповратни средства од германската влада во износ од 2,4 милиони евра, со цел изработка на технички студии и документи кои се неопходен чекор во насока на инвестициите во обновливи извори на енергија. Овие грант средства ни ставаат на располагање дополнителни 80,5 милиони евра евтини кредити за изградба на енергетските објекти“, истакна премиерот Заев на потпишувањето на Договорот за грант од „Програмата за обновливи извори“ за поттикнување на енергетската транзиција, од јаглен кон обновливи извори на енергија помеѓу Електрани на Северна Македонија и Германската банка за развој банка „KfW“.

„Со потпишувањето на денешниот договор, правиме уште еден чекор напред во исполнувањето на зацртаните цели во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година. Тоа подразбира силна волја и посветеност за имплементирање на зеленото сценарио како најприфатливо за развојот на земјата, кое треба да обезбеди економски и еколошки бенефити“, објасни премиерот и додаде дека поддршката е од огромна важност бидејќи го забрзува темпото кон енергетската транзиција за почисто производство на електрична енергија, користење на обновливи извори на енергија, замена на јагленот со природен гас и намалување на јаглеродните емисии на долгорочен план.

Премиерот Заев изрази благодарност до пријателска Германија за целата поддршка која ја дава на нашата земја во последните 20 години за развојни проекти во вкупен износ од преку 500 милиони евра од кои повеќе од половина се во енергетскиот сектор.
Амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјата Анке Холштајн изрази задоволство што соработката помеѓу двете држави се проширува и интензивира, овој пат во областа на енергетиката.

„Владата е на вистинскиот пат со вложувањето кон обновливи извори на енергија и поддршка на зелени инвестиции во јавниот сектор кои ќе придонесат во намалување на загадувањето. Во Германија јасно се гледаат предностите од обновливите извори на енергија и чекорите кои ги прави Северна Македонија во реформите на енергетскиот сектор“, истакна Холштајн.

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека Германија и „KfW“ се наши партнери во спроведување на зеленото сценарио преку поволни кредитни линии, преку стручна помош и преку неповратни средства – каков што е денешниот грант од 2,4 милиони евра.

„Со средствата кои се предмет на потпишаниот грант ќе биде финансирана изработката на физибилити студии и студии за влијанието на животната средина и социјалните аспекти на проектите“, истакна Ковачевски.

За директорот на „КfW“ за Македонија и Косово, Рене Ешеманн ова е голем важен чекор во соработката помеѓу двете држави и ја поздрави одлучноста на Владата за енергетска транзиција, обнова и пречиствање на енергетиката со зелени технологии.

Со средствата од грантот ќе се поддржат фотоволтаични електрани во РЕК Битола со капацитет поголем од 140 MW, рехабилитација на трета фаза на големите хидроелектрани, изградба на нов ветерен парк во Миравци, модернизација и надградба на комплексот Енергетика во Гази Баба, и соларна топлификација во Битола. Со имплементацијата на овие енергетски проекти би се зголемило производството на електрична енергија за околу 650 GWh (гигават/ час).„Потпишувањето на договорот значи користење на грант неповратни средства од германската влада во износ од 2,4 милиони евра, со цел изработка на технички студии и документи кои се неопходен чекор во насока на инвестициите во обновливи извори на енергија. Овие грант средства ни ставаат на располагање дополнителни 80,5 милиони евра евтини кредити за изградба на енергетските објекти“, истакна премиерот Заев на потпишувањето на Договорот за грант од „Програмата за обновливи извори“ за поттикнување на енергетската транзиција, од јаглен кон обновливи извори на енергија помеѓу Електрани на Северна Македонија и Германската банка за развој банка „KfW“.

„Со потпишувањето на денешниот договор, правиме уште еден чекор напред во исполнувањето на зацртаните цели во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година. Тоа подразбира силна волја и посветеност за имплементирање на зеленото сценарио како најприфатливо за развојот на земјата, кое треба да обезбеди економски и еколошки бенефити“, објасни премиерот и додаде дека поддршката е од огромна важност бидејќи го забрзува темпото кон енергетската транзиција за почисто производство на електрична енергија, користење на обновливи извори на енергија, замена на јагленот со природен гас и намалување на јаглеродните емисии на долгорочен план.

Премиерот Заев изрази благодарност до пријателска Германија за целата поддршка која ја дава на нашата земја во последните 20 години за развојни проекти во вкупен износ од преку 500 милиони евра од кои повеќе од половина се во енергетскиот сектор.
Амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјата Анке Холштајн изрази задоволство што соработката помеѓу двете држави се проширува и интензивира, овој пат во областа на енергетиката.

„Владата е на вистинскиот пат со вложувањето кон обновливи извори на енергија и поддршка на зелени инвестиции во јавниот сектор кои ќе придонесат во намалување на загадувањето. Во Германија јасно се гледаат предностите од обновливите извори на енергија и чекорите кои ги прави Северна Македонија во реформите на енергетскиот сектор“, истакна Холштајн.

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека Германија и „KfW“ се наши партнери во спроведување на зеленото сценарио преку поволни кредитни линии, преку стручна помош и преку неповратни средства – каков што е денешниот грант од 2,4 милиони евра.

„Со средствата кои се предмет на потпишаниот грант ќе биде финансирана изработката на физибилити студии и студии за влијанието на животната средина и социјалните аспекти на проектите“, истакна Ковачевски.

За директорот на „КfW“ за Македонија и Косово, Рене Ешеманн ова е голем важен чекор во соработката помеѓу двете држави и ја поздрави одлучноста на Владата за енергетска транзиција, обнова и пречиствање на енергетиката со зелени технологии.

Со средствата од грантот ќе се поддржат фотоволтаични електрани во РЕК Битола со капацитет поголем од 140 MW, рехабилитација на трета фаза на големите хидроелектрани, изградба на нов ветерен парк во Миравци, модернизација и надградба на комплексот Енергетика во Гази Баба, и соларна топлификација во Битола. Со имплементацијата на овие енергетски проекти би се зголемило производството на електрична енергија за околу 650 GWh (гигават/ час).

Next Post

Со грант од Амбасадата на Јапонија до ново парно греење во училиштето во Долни Дисан

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk