Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во Студио 10 на ТВ24, вели после толку загуби и негативни ситуации Христијан Мицкоски мора да даде оставка.
„Најдобро за сите е што Мијалков се врати во Обвинителство. Ова покажа дека политичарите треба да имаат одговорност. Самиот Мијалков сам ќе каже зошто го немало, но оваа показна вежба треба да поттикне сите да се преиспитаме. Има некоја утеха во цела работа, но треба добро да се размисли. Нормално е опозицијата да ја напаѓа власта, мислам само дека нивото треба да се подигне на двете страни. Јас сум еден од оние кои бараат смена на Мицкоски, има многу аргументи, но по толку загуби и негативни ситуации, мора да даде оставка. Треба нов лидер со харизма“ – вели Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци во Студио 10 на ТВ24.