И покрај заштита за целото време на пандемијата на КОВИД-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен, напиша градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.
„Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите.
Вирусот е опасен и непредвидлив. Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции, затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата на КОВИД- 19“, напиша Богдановиќ.