ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Одговорно тврдам дека никој не преговарал со Мијалков, пресудата в петок ќе ги расчисти сите можни дилеми за тоа

February 24, 2021 11:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во моментот Сашо Мијалков е на издржување на мерката домашен притвор во неговиот дом. Тој овие денови не ја напуштил државата и цело време бил во Скопје. Ако не се предадеше, за неколку часа ќе беше сосема поинаку, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и подвлече дека тој лично немал контакт со Мијалков пред неговото враќање. Потенцира дека ако покаже истрагата одговорност на кого било, треба да има не морална , туку кривична одговорност.

Спасовски во гостувањето на Утрински брифинг изјави дека се води истрага во Јавното обвинителство и назначен е јавен обвинител. До вчера, подвлече, МВР работело со ОЈО во Скопје, со дежурните обвинители во однос на повикување на информативни разговори на лицата кои би можеле да бидат помагатели во бегството, дали се тоа членови на неговото семејство или неговото опкружување, односно обезбедувањето. Важно беше, истакна Спасовски, да се одземат сите телефони и други електронски уреди и документи кои ќе можат да бидат дел од истрагата при претресот на неговата резиденција.

Спасовски тврди дека никој не преговара за ништо и не преговарал со Мијалков за тој да се предаде и оти изрекувањето на пресудата во петок е работа на судот, а тоа ќе ги расчисти сите овие, како што рече, можни дилеми за тоа.

– Нерви изгубивме сите во однос на оваа ситуација и тоа е многу реално и очекувано, секој од нас да биде вознемирен и гневен затоа што џабе вие како Влада спроведувате низа реформи, петтиот пакет економски мерки, преземате подобрување на состојби во други сегменти, кога ќе се случи еден ваков настан, од кој граѓаните навистина очекуваат од нас сериозна одговорност заради тоа што ние зошто одевме по улици, зошто баравме правда. Во јавноста секако дека го нагризува интегритетот овој настан и секој настан од ваков тип ќе го нагризува интегритетот на Владата, затоа што Владата оди на избори, рече Спасовски.

Прашан на кој начин е проценето дека тој е во бегство, министерот Спасовски одговори дека во однос на овој предмет „Таргет-тврдина“ единствена изречена мерка била одземање на пасошот и еднаш месечно да се јавува во судот, како мерки на заштита кои судот ги определил. Ние пратично, подвлекува, не можеме да преземаме, ниту сме имале налог или обрска да преземе каква било активност во однос на движењето на Сашо Мијалков.

-Од моментот кога се добива сознание дека е можно бегство, ние ги применуваме нашите полициски овластувања и во рамки на тие овластувања можете да преземете прикриено полициско дејствување од јавни површини. Тоа не значи следење на кој било. Тоа не е ефикасна метода, но таа е дозволена со закон, рече меѓу другото Спасовски./МИА/

Next Post

Енергетска рехабилитација на студентските домови, ќе се стартува со студентскиот дом Стив Наумов

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk