29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра. Толку тежи петтиот пакет антикризни мерки. Владата вели наменет за граѓаните и за реалниот сектор, за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството, пренесува Тера.мк.
Овој пакет директно се надоврзува на претходните четири, а има за цел да ја придвижи економијата кон како што велат од владата нам познатите стапки на економски раст во распон од 4% до 5%, односно на динамиката на раст од пред пандемијата.
„ Се обидовме да ги тагретираме најзагрозените категории во општеството, во кое вообичаено најзагрозени категории се најранливите кои најлесно можат да имаат негативни влијание од било какво пореметување во ипштеството и во суштина така ги адресиравме. Ние размислувавме, но потоа укажавме дека можевме да одиме во линеарна помош на целото население, без разлика, од најмал до највозрасен, богат-сиромав, но сметавме дека тоа не е ниту праведно, ниту правично, а од друга страна не е солидарно“ рече Битиќи во интервју за Тера ТВ.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во времето кога се носеше пакетот го прашавме дали е за спас на економијата или за придвижување, со огледа на фактот што рестрикциите не се како ланската година и полека се враќаме во некоја нормална ситауција, иако за тоа е потребно уште време.
„Ако сите статистички податоци кои што ги добиваме укажуваат дека најголемиот удар беше во вториот квартал од 2020 година, тогаш кога почна кризата и дека понатаму почнуваме да заздравуваме, да се опоравуваме сите без разлика во кој сектор работи, секако полошо од 2019, тоа никој не може да го каже дека е исто како во 2019, 2019 година беше навистина добра година за мноштвото. Ние сме свесни дека има два патишта, а тоа е или сите ќе се чувствуваме дека добиваме и таа е добитна ситуација на двете страни или ќе имаш ситуација во која едната страна губи, а другата добива. Ние владат, ниту граѓаните, ниту стопанството не сме во позиција да поставуваме услови едните да добива другите да губат. И затоа ние петтиот пакет го засниваме на тоа дека е веќе време да размислуваме и да се спремаме дека ова е периодот на заздравување и на раст на економијата“ вели Битиќи.
Стопанството пак беше најгласно во барањето на помош за исплата на плати на вработените.
„Мал е бројот на компании кои што ги исполнуваат условите со висок процент на пад на приходи за да земат бруто минимална плата за поддршка, повеќето се задржаа на нивото од 14.500 минимална плата или пак до нивото од 15.800 денари, што е малку над минималната плата и тоа кажува дека тие кои што аплицирале за плати во суштина беа на прагот на поставениот критериум, а тоа е да имате 30 проценти пад на приходи“ вели вицепремиерот.
Од регионалната стопанска комора во Битола велат дека во креирањето на сите мерки и тие како стопанственици и синдикатите биле вклучени.
„Добро е што владата повеќе на микро на малите претпријатија се осврна да им помогне, сепак и на студентите и на граѓаните и тие не се заборавени и еве велиме данокот од 18 да се намали на 5 проценти и тоа една добра мерка, се бара каматите да се ослободат до 50 или 100 проценти, зависи која компанија има извор 100 проценти, значи нема да има камата од банките, со Европската и Македонката банка за развој ќе има има камати со 1 или 1,5 проценти, што ги немаше, знаете беа 3 до 3,5 проценти. Тоа е сето ова во овој пакет на мерки од кој ќе има доста придобивки да опстанат во овој регион тие мали компании, тешко е, но добро се опстанува“ вели Мирко Велковски претседател на Регионалната стопанска комора во Битола.
Во петтиот пак како значајна придобивка за граѓаните го споменува владата бришењето камати на граѓаните кон Јавни институции и претпријатија. Со оваа мерка со законски измени ќе се нареди на Јавните комунални претпријатија, Јавните претпријатија и Управата за јавни приходи, како и на општините и на сите други институции од јавните дејности да ги простат и избришат долговите на граѓаните по основ на камати во висина од 100%. Тоа се однесува за сите физички лица во нашата земја.