Мицкоски објави дека е позитивен на Ковид-19. Политичарот познат по непочитување на мерките за заштита од Ковид-19 и постојаната опструкција на напорите во борбата против епидемијата, напиша:
По забележаните првични полесни симптоми, ги добив резултатите од тестирањето кои покажуваат дека сум позитивен на вирусот Ковид-19. Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина!
Во секој случај, Редакција Фронтлајн му посакува лесно и брзо закрепнување и брзо враќање на „победите“ кои постојано ги ниже во својата „ѕвездена“ кариера.