ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

„Семоќниот“ пратеник Абдула Салиу направил скандал на граничен премин, МВР ги потврди информациите на Фронтлајн, а тој со своја „скратена“ верзија на случајот…

February 28, 2021 17:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Од МВР ги потврдија информациите за скандалозното однесување на пратеникот Абдула Салиу од Алијансата за Албанците на граничниот премин Блаце, вечерта на 27 февруари.

Веројатно, погрешно толкувајќи ја функцијата пратеник, од позиција на моќ, пратеникот Салиу, при влез во земјава, едноставно, не сакал да чека во редицата возила, како и сите „обични смртници“. Тој се качил на тротоарот со својот Фолкваген Пасат, ги поминал возилата што чекале во редицата, ја одминал кабината на пограничната служба и се довезол до просторот каде што се врши царина, објави Фронтлајн претходно.

Кога пограничниот службеник му пришол на возилото, пратеникот Салиу продолжил со своето скандалозно однесување. Излегол од возилото и му се развикал на службеникот, велејќи му дека е пратеник во Собранието на РСМ и дека за него не важат стандардните процедури при премин на границата.

Дошол и раководителот на пограничниот премин и се обидел да ја смири ситуацијата и да ја објасни процедурата за премин на граница. Но „семоќниот“ пратеник продолжил со викање – никаде низ Европа не чекал на граница и нема намера да чека ни тука. Според изјавите од теренот, гласно рекол дека никој ништо не му може.

Службениците го предупредиле пратеникот Салиу дека ќе биде поднесен службен поднесок во врска со неговото однесување. Според потврдата од МВР, против пратеникот Салиу ќе бидат поднесени пријави по член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по Законот гранична контрола (избегнување гранична контрола) и по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (престигнување колона).

Тоа не е сè. Претходно, Салиу го испратил своето малолетно дете до кабината да ги даде документите и да ја пренесе пораката од татко му дека не можел да чека во ред. Службеникот ги одбил документите, бидејќи решил да го почитува и одржува редот меѓу патниците.

Како што пренесува Цивил Медиа од порталите на албански јазик, пратеникот Салиу го потврдил инцидентот, но со „скратена“ верзија: „Полицаецот не прифаќаше да ги земе документите, ми ги исфрли на земја и ми рече сам да влезам кај шефовите. По одредено време, ги зеде и ги испрати за контрола. Излегоа Ќамуран Харединовски и Агим Барди. Повикаа уште ефен шеф и му кажаа дека сум пратеник на опозицијата. Ми рекоа дека наводно сум прекршил правилник и ми се заканија дека ке ми пишат опомена и дека ќе испратат известување во канцелариите на МНР. Потоа ми рекоа: Нема врска што си пратеник, ако сакаме ќе ти завршиме работа, ако не сакаме, ќе те држиме тука“.

За Цивил Медиа, пак, пратеникот изјавил дека нема што да додаде. „Тие (МВР) прават како што сакаат самите“ – бил неговиот краток коментар.

Салиу не кажа ни збор за тоа дека излегол од колона, возел по тротоар, сакал да помине преку ред и барал да добие специјален третман.

Д. Е.

 

Next Post
Сашо Мијалков. Снимка од екран од ТВ21.мк

Попладневен преглед: Мијалков сам во „Шутка“, „семоќниот“ пратеник Салиу направил скандал на Блаце, Пендаровски со порака за Денот на ретките болести

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk