ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Неофицијално, пратеникот Салиу од АА, не сакал да чека ред на граница, за него не важеле стандардните процедури

February 28, 2021 13:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот Абдула Салиу од Алијансата за Албанците имал имал жестока препирка со пограничните службеници кај граничниот премин Блаце, вчера вечерта околу 18:30 часот, дознава Фронтлајн.

На влез во земјава, пратеникот не сакал да чека во редицата возила, се качил на тротоарот со својот Фолкваген Пасат, ги поминал возилата што чекале на ред, ја поминал кабината на пограничната служба и се довезол до просторот каде што се врши царина.

Пограничниот службеник дотрчал до возилото на пратеникот Салиу, кога тој излегол од возилото и му се развикал, фрлајќи му ги документите. Со висок тон му кажал дека е пратеник во Собранието на РСМ и дека за него не важат стандардните процедури при премин на границата.

Претходно, Салиу го испратил своето малолетно дете до кабината да ги даде документите и да ја пренесе пораката од татко му дека не можел да чека во ред. Службеникот ги одбил документите, бидејќи решил да го почитува и одржува редот меѓу патниците.

Раководителот на пограничниот премин се обидел да ја смири ситуацијата и да ја објасни процедурата за премин на граница, но Салиу продолжил со викање и дека тој никаде низ Европа не чекал на граница, ниту, пак, тука ќе чекал. Рекол и дека никој ништо не му може.

Според неофицијалните информации, службениците го предупредиле пратеникот Салиу дека ќе биде поднесен службен поднесок во врска со неговото однесување. Се работи за поднесоци по член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по Законот гранична контрола (избегнување гранична контрола) и по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (престигнување колона).

Во очекување на официјалните информации од МВР, а секако и од пратеникот Салиу, останува само да се констатира дека некои функционери „малку“ прешироко ги сфаќаат своите овластувања и функции и си дозволуваат својата „семоќност“ да ја објаснуваат со висок тон на „обичните смртници“ во униформа.

Д. Е.

Next Post

Анкета: Повеќето Германци сакаат олабавување на мерките

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk