Мијалков сам во „Шутка“ поради изолација од коронавирус. Се преземаат засилени безбедносни мерки и чести контроли.
МВР ги потврди информациите на Фронтлајн за скандалозното однесување на пратеникот Абдула Салиу од АА. Погрешно толкувајќи ја функцијата пратеник, од позиција на моќ, пратеникот Салиу, при влез во земјава, едноставно, не сакал да чека во редицата возила, како и сите „обични смртници“. Тој се качил на тротоарот со својот Фолкваген Пасат, ги поминал возилата што чекале во редицата, ја одминал кабината на пограничната служба и се довезол до просторот каде што се врши царина.
Политиките на Владата во последните 4 години сосема го променија пристапот кон справувањето со ретките болести и грижата за пациентите, напиша премиерот на Фејсбук. Заедно со здруженијата продолжуваме да работиме на најдобри решенија за здравствена грижа и подобрување на квалитетот на животот на пациентите со ретки болести и нивните семејства, стои во објавата на премиерот.
Речиси 600 лица во земјата живеат со некоја ретка болест. За да им помогнеме за подобар живот, клучна е соработката помеѓу сите нас. Да подадеме рака и да покажеме дека не се сами, напиша Претседателот на Фејсбук на фотографија на која се гледа семејството Пендаровски со обоени раце во знак за поддршка за лицата со ретки болести.
Скандалозни предлози на екс премиерот Љубчо Георгиевски за решавање на споровите со Бугарија. Од СДСМ велат дека се работи за лични ставови на Георгиевски со кои партијата нема допирни точки.
Управата за водење на матичните книги издала 21.957 изводи со погрешно внесени податоци во текот на 2019 година, што е 4 отсто од вкупниот број издадени изводи за таа година, откриле државните ревизори при контролата на работењето на оваа институција
Форумот на жени на битолската СДСМ го одбележа Светскиот ден на ретките болести 28 февруари. Да се живее во такви околности не е нималку лесно. Затоа, СДСМ, како одговорна политичка партија воведе системски пристап на грижа за луѓето кои живеат со ретка болест и го зголеми бројот на достапни лекови.
ФРОНТ: Вмро-дпмне го одбра моделот на ултра-политиката. За оваа партија сите други се непријатели против кои вмро води перманентна граѓанска војна и кога е на власт и кога е во опозиција. Таквиот пристап влече историски корени од времето на самите почетоци кога оваа организација се самопретстави како единствен артикулатор на интересите на македонскиот народ што и да подразбирале и подразбираат под тој термин – пишува Бранко Тричковски во својата денешна колумна за Фронтлајн под наслов Политика или граѓанска војна.
М. Миткоска