ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: За Владата е важно секое работно место, угостителството и туризмот се највеќе поддржани и поддршката продолжува со петтиот пакет

March 2, 2021 10:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на Државниот  пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, вчера вечер, остварија средба со претставниците на категоризираните ресторани за свадби и прослави и ноќни клубови, со кои разговараа за предизвиците со кои се соочуваат угостителите, како и за мерките за поддршка на стопанството и граѓаните од Петтиот пакет, за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19, информираат владини извори.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека Владата, во услови на пандемија, се обидува да им помогне на сите погодени граѓани и компании, а има детектирано дека угостителството и туризмот, се најпогодените гранки од пандемијата и затоа, во сите пет сета, креирани се мерки со кои токму овие гранки се највеќе поддржани.

Со петтиот пакет на мерки, компаниите од овој сектор може да искористат финансиска помош за исплата на плати, бескаматен кредит со грант компонента до 50%, а со Законот за државна гаранција, кој е во собраниска процедура, значително би се помогнало за одржување на ликвидноста на компаниите.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Пауновски нагласиja дека здравјето на граѓаните е најважно и дека протоколите кои се предложени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Владата, се токму во насока на заштита на јавното здравје. Тој гарантираше дека нема никаква селективност во постапување на инспекторите, ниту интенција при спроведувањето на санкции, за што посочи дека во периодот од речиси една година, од почетокот на пандемијата, вкупно се санкционирани 471 правно лице, за непочитување  на протоколите.

На состанокот, вицепремиерот Битиќи и директорот Пауновски, повторија дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет,  а со претставниците на категоризираните ресторани за свадби се договорија да биде доставен предлог протокол за нивна работа, којшто ќе биде проследен до Комисијата за заразни болести на разгледување.

Next Post

Владата денеска го разгледува Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk