Нашиот влог е да го менуваме општеството, да создаваме услови за целосна рамноправност на жените во сите општествени текови. Обврска ни е да создадеме општество во кое нема да има место за никакво вознемирување, психичко, физичко или сексуално, општество насочено кон превенција на насилството и заштита на жртвите.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски предлага формирање посебен „таск форс“ во МВР за борба против родовото насилство. Оваа единица, како што рече вечерва на партиската онлајн трибина, би била составена од претставници на повеќе државни органи, обвинителството, судот, полициски структури и граѓанскиот сектор, а би делувала како своевиден линк за брзо реагирање, санкционирање и превенирање.
Општеството се менува само тогаш кога храбри лидери и лидерки ќе се одлучат да се обидат, ќе имаат решителност и волја за промени. Ниту нашата земја, ниту СДСМ досега немала феминистички претседател. Сега слободно можам да кажам дека го има, и тоа мора да се искористи, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска на онлајн трибината на тема „На чекор до нов закон и нови механизми за родова еднаквост“ во организација на Форумот на жени на СДСМ, по повод меѓународниот ден на жените-8 март.
,,Можеби ќе успее да се спаси од ковидот, но во политичката савана што го чека меѓу Инфективната клиника, Собранието, Штабквартирата на Злото и Владата на Северна, го чекаат гладни лавови кои го имаат регистрирано како најслаб гну во вмронското стадо; свежо месо омекнато од антибиотици, со гарнир од антитела и мртви корони. Добра вечера. Во однос на таа драма, епизодата во болничкиот кревет ќе му се чини како романтична забава” пишува Бранко Тричковски