ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Борозанов нов управител на фабриката на Џонсон Мети во ТИРЗ Скопје 1

March 8, 2021 11:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Боријан Борозонов е нов управител на компанијата Џонсон Мети во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Борозанов има повеќе од дваесетгодишно искуство во меѓународен менаџмент и лидерски позиции во Европа, САД и во земјава, вклучително и во автомобилската индустрија. Тој доаѓа од компанијата Аптив Сервисес Македонија, каде од 2016 година работел како генерален директор/управител.

-Исклучително сум возбуден што сум дел од визијата на Џонсон Мети за почист и поздрав свет. Живееме во предизвикувачки времиња што влијаат на сите ширум светот. Џонсон Мети, глобален лидер во одржливи технологии, е во првите редови на сите големи мега трендови и активностите на компанијата се во срцето на решенијата што помагаат во обезбедување на почист воздух и овозможуваат иднина со помалку јаглерод во воздухот. Фабриката на Џонсон Мети во Македонија е еден од најважните столбови на глобалната стратегија на Џонсон Мети – горди сме што отприлика едно од три нови возила во светот имаат дел произведен од наши раце и горди сме што обезбедуваме почист воздух за сите, денес и за идните генерации, изјави новиот управител на компанијата, Борозанов.

Боријан Борозанов е дипломиран инженер архитект, со MBA во глобален менаџмент од „Тандербрд“ школата за глобален менаџмент во Феникс, Аризона САД како „Фулбрајт“ стипендист, а во моментов ја изучува програмата за предводење претпријатија на школата за менаџмент „Келог“ во Еванстон, Илиноис САД, како „Зафировски“ стипендист. Говори мајчин македонски и англиски јазик.

Како раководител на Одделот за услуги на инвеститори во Invest Macedonia во периодот меѓу 2007 и 2012 година, Борозанов ја помогнал реализацијата на 12 инвестиции со вредност од над 100 милиони американски долари со кои се отворени нови 2.500 работни места во автомобилскиот ланец на снабдување.

Британската компанија Џонсон Мети ја користи науката за да создаде почист, поздрав свет. Тие се светски лидер во производство на катализатори за автомобилската индустрија и системи на катализатори за контрола на загадувањето. Џонсон Мети работи во над 30 земји ширум светот и вработува повеќе од 15 000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори од Џонсон Мети. Во фабриката на Џонсон Мети во ТИРЗ Скопје 1 работат повеќе од 1.000 луѓе.

извор: МИА

Next Post

Пладневен преглед: Борбата за правата на жените почнува од секој од нас поединечно, вели Премиерот, предлог за воведување полициски час, со првата пратка од руската вакцина ќе се вакцинираат хронично болните и оние во старечки домови

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk