ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битолскиот театар го слави Светскиот ден на театарот

March 27, 2021 09:41
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ансамблот на Народниот театар од Битола денеска го слави 27 март – Светски ден на театарот и според востановената традиција вечер на сцената „Благој Стефановски-Баге“ ќе ја презентира последната премиерна претстава „Ноќта кога ја убив месечината“.

Пред почетокот на претставата, публиката во Битола ќе ги чуе македонската порака, чиј автор е актерката Сузан Акбелге од Турскиот театар од Скопје, како и пораката на Хелен Мирен, актерка од Велика Британија.

– Во далечната 1606 година кога во Лондон за време на големата чума театрите биле повеќе затворени отколку отворени, Вилијам Шекспир во самоизолација ги создал двете култни драми Кралот Лир и Магбет… Актерите ги напуштиле големите градови додека претставите се изведувале на отворено во помалите места. Кризите секогаш се шанса за преобразба. Какви суштински промени ќе донесат последиците од пандемијата сѐуште не знаеме, но она што со сигурност го знаеме е дека светот во којшто човечката жед за консумирање го достигна врвот, наспроти битисувањето и креирањето, човечката рамнодушност кон сѐ околу него, општествената матрица која на сила втурнува политички чиновници кои уништуваат институции и цели генерации луѓе… актери, е неодржлив и дека промените се неминовни и нужни како на општествено, така и на социјално, економско, човечко и културолошко ниво, се нагласува во пораката напишана од Акбелге која вечер во Битола ќе ја прочита актерката Марија Стефановска.

Пред културниот аудиториум во Битола ќе биде прочитана и меѓународната порака на британската актерка Хелен Мирен која посочува дека ова време е многу тешко за изведувачките уметности, тешко е за многуте уметници, техничари и занаетчии, за жените кои се борат за своето место во оваа професија, која бездруго е обележена со несигурност. Според Хелен Мирен, оваа постојано присутна несигурност, ги направи театарџиите поспособни да ја преживеат оваа пандемија со мудрост и храброст.

Како што е познато актери на НУ Нроден театар-Битола најновата премиера „Ноќта кога ја убив месечината“ ја подготвија во време на пандемија која според репертоарот и вечер ќе се одигра пред публика, а ќе настапат Марјан Ѓоргиевски, Александар Копања и Валнтин Светозарев.

извор: МИА

Next Post

„Отворен микрофон“ во Европската куќа во Крива Паланка

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk