ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ангелов: Формирана е комисија што ќе го испита случајот со завеаниот овчар во Кратовско

April 5, 2021 17:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Формирана е петчлена комисија која детално ќе го испита случајот со завеаниот овчар во Кратовско и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости кај Центарот за управуавње со кризи или во другите институции. Ќе утврдат каде точно се пропустите и слабостите, за тие да бидат надминати во иднина. Не сакаме и нема да дозволиме во иднина, никогаш наш сограѓанин да се најде во ваква ситуација, изјави денеска на прес-конференција Стојачне Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи.

Оперативецот на ЦУК од Кратово, нагласи Ангелов, бил фокусиран на барањето за наоѓање теренско возило – џип, па дури и трактор со кој би можело да се отиде до местото, и во ниту еден момент од лекарскиот тим што бил на лице место од него не било побарано да обезбеди хеликопер. Доколку, според Анеглов, од оперативецот било побарано да обезбеди хеликоптер, тој тоа барање ќе го проследел до него и за кратко време би бил обезбеден хеликоптер.

– Имаме доволно хеликоптери, кои што би учествувале во една ваква спасувачка мисија. Како директор на ЦУК имам директна комуникација со врховниот командат на Армијата, со претседателот Стево Пендаровски од каде што, од порано ми е посочено дека, доколку ни е потребно во секој момент може да сметаме на хеликоптер. Исто, во постојана комуникација сум и со министерот за одбрана, како и со началникот на Генералштабот на Армијата, рече Ангелов.

ЦУК, посочи Ангелов, постои да им служи на граѓаните кога им е најтешко и кога нивниот живот е доведен во опасност и нивното здравје е загрозено.

– Оперативецот на ЦУК од Кратово ги презел сите потребни мерки. Откако бил информиран дека во конкретното село се наоѓа човек на кој му се пружа брза помош и истиот е во животно загрозувачка состојба и треба итно да биде извлечен од селото, тој веднаш се јавил во полиција и го известил надлежното лице. За жал, во полицијата немале соодветно теренско возило со кое можеле да стигнат на лице место, но се понудиле да отидат неколку посилни полицајци да помогнат во извлекувањето. Оперативецот, потоа се јавил и во Противпожарната заштита, од каде го добил истиот одговор. Се јавил и во ЈП „Македонски шуми“, потоа и на директорот на ЕВН во Кратово, а на крај се јавил и на директорот на Јавното комунално претпријатие Кратово, од каде најпрво добил надеж дека ќе биде обезбедено такво возило, но тоа не било обезбедено, појасни Ангелов.

Запрепастувачки е фактот, нагласи тој, дека во цела општина не можело да се најде теренско возило, кое ќе отиде на лице место и ќе помогне во извлекување на животно загрозениот пациент.

– Оперативецот на ЦУК од Кратово бил фокусиран на наоѓање теренско возило, но во ниту еден момент од него не било побарано да обезбеди хеликоптер. Според стандарнди оперативни процедури тој не е обучен во ваква ситуација да носи одлука дали треба или не треба хеликоптер. Сепак, како ЦУК овде пронаоѓам една наша слабост, која во иднина ќе биде променета. Тие стандардни оперативни процедури ќе бидат променети и секогаш, во  каква било ситуација, кога ќе имаме загрозен живот или сериозно загрозено здравје на било кој наш граѓанин и на било кое место, како ЦУК ќе се погрижиме да испратиме хеликоптер за извлекување, нагласи Ангелов.

Ангелов, исто  така, упати честитки на тимот од Брзата помош за покажаната храброст и пожртвуваност, особено на доктор Павле Зафиров.

– Ќе разгледаме предлагање за одликување на тројцата членови на тимот кој што го извлекоа животно загрозениот болен пациент, изјави Ангелов.

Претходно, Ангелов укажа дека проодноста на патиштата, спаѓа под надлежност на локалната самоуправа и ги повика сите градоначалници повеќе внимание да посветат на проодноста на патиштата до секое населено мести, без разлика во него живеат илјадници луѓе или само еден човек.

извор: МИА

Next Post

Заев: Ќе чекаме да се формира Владата за да нормално после тоа продолжиме со разговорите

Shortcut

Најново

Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk