ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Меѓаши започна онлајн кампања „Поттикни МИР“

April 6, 2021 11:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Првата детска амабасада во светот Меѓаши започна кампања на тема „Поттикни МИР“, што се фокусира на преземање акција и поттикнување промена на локално и индивидуално ниво. Кампањата ќе се одвива онлајн, преку објавување кратка  поттикнувачка содржина на социјалните платформи на детската амбасада.

Целта на кампањата е да го подигне нивото на општествена одговорност, да се гради и одржува мирот, а како што порачаа од Меѓаши мирот се гради само ако прифатиме дека истиот не е во отсуство на војна, ниту моментална состојба, туку константен процес што директно зависи од нашите акции.

Претседателот на амбасадата, Драги Змијанац посочи дека кога станува збор за мир, ние живееме во поделено општество, по етничка, верска економска, образовна, идеолошка основа.

-Живееме со груби, агресивни, насилни односи и непочитување на различните и поинакви од себе, не само во обидување, туку и во ставови. Тоа го гледаме секојдневно и на социјалните мрежи. Живееме во општество без општо прифатени вредности во кои сите ќе веруваме, општество во кое не успеваме да ги научиме новите генерации да не се мразат, туку да живеат заедно. Живееме во сегрегирано образовно општество каде учениците од различни етнички заедници учат во посебни училишта, живееме во општество каде иако сите говориме на својот мајчин јазик, сепак меѓусебно ретко се разбираме кога треба да градиме доверба, заеднички вредности и заеднички живот. Живееме во општество каде сиромаштијата е секојдневие, каде гледаме дека питањето станува секојдневие, каде државата не успева да се справи не само со детската сиромаштија, туку и злоупотреба на децата и нивниот труд, рече Змијанац во обраќањето на денешната он лајн прес-конференција.

Фатиме Ајдари и Ана Битољану, членови на тимот на амбасадата, говореа за начинот на кој што ќе се одржува кампањата за која дизајнот е дело на ОХО.  Онлајн ќе се објавуваат пораки со кратка поттикнувачка содржина  на повеќе јазици на социјалните мрежи на Детската амбасада Меѓаши.

-Кампањата е изработена во рамки на програмата за мировно образование на детската амбасада Меѓаши. Програмата започна во 2011 година како пилот-програма во три средни училишта во Скопје за да сега после десет години е една стабилна програма втемелена во повеќе градови и училишта низ државата, истакна Битољану.

На програмата, појасни, работат наставници и наставнички кои постојано изведуваат најразлични активности поврзани со градењето мир. Битољану истакна дека преку оваа програма се залагаат за општествената промена, но заложбата на Меѓаши е поширока од работењето низ образовните институции и има цел, нагалси, да поттикне да се разговара за овие теми на поширока основа за да се изгради подобро место за живот.

извор: МИА

Next Post

На дебатата на ЦИВИЛ „На ‘балот’ за човековите права на Ромите“ ќе се отворат прашањата за тоа кој ги „тркала“ Ромите…

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk