ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Патот кон праведна транзиција е комплексен, но по него мора да чекориме

April 7, 2021 15:00
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Кој е патот што Македонија треба да го оди за да реализира праведна транзиција, пред сѐ, во енергетскиот сектор? Имаме ли ние точно издефинирано што подразбира праведна транзиција и дали ги опфаќа само вработените луѓе во одреден рудник или фабрика? Ова се дел од прашањата што беа отворени на денешната тркалезна маса на тема „Праведна транзиција“, што се одржа на зум-платформата во рамките на Националната конференција за клима.

Патот по кој нашата земја се движи e почнат, но мора да се вклучат сите релевантни институции, граѓанскиот сектор, локалното население, се согласија учесниците. Транзицијата на рудникот „Осломеј“ од Кичево беше земен како пример на кој конкретно се работи.

-Транзицијата не ги допира само вработените во одредена фабрика, но ги засега сите граѓани на различен начин. Влијанијата се и економски, социјални и културни. Проблемот не застанува кај вработените, овие нови невработени се соочуваат со големи проблеми во нивниот живот. Им се намалува нивната економска моќ, влијае на локалните текови во местото на живеење. Намалувањето на економската моќ на новоневработените и кога се случува на индивидуално ниво, не претставува проблем за заедницата, но кога станува збор за поголема група на луѓе, влијанието е големо. Ова влијае и на нивниот културен живот.– смета Смилевска и додава дека треба навремено да се провери дали тие работници можат да се преквалификуваат или можеби предвреме да се пензионираат.

Дали за случајот со Кичево се размислува во насока на развој на нови индустриски гранки, продолжува Смилевска.

-Многу е важно во која мерка Кичевчани се воопшто консултирани, а според нас, нивната вклученост во одлуките не е доволна. Граѓаните имаат свои идеи за развој на нивниот регион. Задачата на оние што ја планираат праведната транзиција е да го овозможат квалитетниот живот и регионот да напредува, дури и кога ќе се затвори индустријата. Институциите, работниците, малите бизниси мора да се вклучат во тие консултации – вели таа.

Таа посочи дека граѓанскиот сектор мора да се потруди најдобро што може да ги информира локалните заедници за процесите кои се случуваат.

Елена Николовска од „Еко-свест“ се осврна на тоа што досега е направено како чекор напред кон праведната транзиција, конкретно во Кичевскиот регион. Таа посочи дека во македонската легислатива засега не е добро издефинирано што точно подразбира праведната транзиција, зашто, како што истакна, добрата дефиниција ќе значи и правилно планирање на сите процеси што треба да ги опфати таа.

Николовска истакна дека е донесена енергетска стратегија 2020-2040, која предвидува напуштање на јагленот како енергенс до 2028 година. Се предвидува енергетска транзиција на Осломеј со 120МW фотоволтаични централи на местото на поранешниот рудник. Изработена е нацрт-програма за имплементација на стратегијата за енергија – програма за праведна транзиција една од мерките во документот. Македонија е земја-потписничка на декларацијата на Шилезија декларацијата за праведна транзиција и солидарност и ова значи дека сме се обврзале да превземеме некакви активности во оваа насока.

Свој придонес во дискусијата даде и Александру Мустата, претставник на CEE Bankwatch,  низ конкретни примери од фабрики во Европа, посочи каков е процесот на праведна транзиција.

-Индустријата со јаглен отпушта многу работници, а постојат и нови алтернативни начини за производство на енергија. Меѓународните синдикати предлагаат решенија за работниците бидејќи нивните работни места беа под закана. Ако еден регион се фокусира само на туризам, на пример, еве посебно во период на пандемија, ќе се соочи со тешка ситуација. Кога се мисли на креирање работни места, не е непходно тоа повторно да биде некој голем работодавач. Никој не вели дека треба веднаш да се префрлите на обновливи видови енергија, можеби немате потенцијал за соларна енергија…Поентата е да не се најдете во иста ситуација, за 10 години пак да треба да ја менувате индустрија што загадува. Важно е да се мисли за алтернативи со нула емисии на јаглерод – вели Мустата.

Тој посочи дека и Македонија треба да користи што е можно повеќе фондови кои даваат поддршка во оваа област.

Смилевска објасни дека постојат финансиски средства кои можат да се искористат за помагање на оваа транзиција.

-Очекувам дека ќе се отворат нови фондови за земјите од Западен Балкан, зашто дел од европските фондови моментално не ни се достапни. Праведната транзиција се состои и во планирањето на финансисите. Ќе беше идеално ако почневме за Кичевскиот Регион да мислиме уште во 2012 година. Планирањето создава финансии, непланирањето создава проблем! – категорична е Смилевска.

Валентина Старделова од секторот енергија при Министерството за економија посочи дека праведната транзиција бара човечки кадар силно посветен на оваа проблематика.

-Кога зборуваме за праведна транзиција треба да имаме комплексен приод. Не треба да мислиме само на Битола и Кичево, туку да ја опфатиме целата држава. Не за џабе светот зборува за циркуларна економија. Треба да бидеме посветени систематски. Мораме да тргнеме од регулатива, да имаме правна основа за акција.

Во моментов работиме на нов закон за биогорива. Енергетската ефикаснот создава неограничени можности. Тоа е добра можност за да се промовира секторот на услуги. Јавните инситуции треба да го поддржат процесот на транзиција – вели Старделова.

Лилјана Јоноски од Рурална коалиција, појасни дека иако повеќе од 10 години е дел од граѓанскиот сектор во Кичево, не добила можност јавно да изрази свој став или да биде консултирана.

– Овој објект е клучен и кон него народот пристапува и со многу емоции. Тешко е да се прифаќаат промените. Граѓаните мора да бидат повеќе вклучени во целиот процес на транзиција – смета Јоноски.

Националната конференција за клима ја организираат „Еко-свест“, CNVP и Движењето на еколозите на Македонија, со поддршка на Европската Унија.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Филипче: Се спроведува теренска вакцинација во старечките домови

НАЈНОВО

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk