ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед : Со членството во ОН се етаблиравме како самостојна и независна држава, се обединуваме ли конечно во борбата против пандемијата?, Мицкоски работи против државата

April 8, 2021 20:45
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието ја заврши расправата по неколку предлог-законски измени и дополнувања во рамки на 32-та седница, и тоа за законот за јавните набавки, по скратена постапка, за законот за чек, за давање на финансиски услуги на далечина, во прво читање, потоа Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година, како и измените и дополнувањата на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, во прво читање. Поради немање кворум во собраниската сала, гласањето по овие точки ќе биде дополнително закажано.

Максималната казна за ова дело е доживотен затвор, но за лица помали од 21 година, односно  доколку извршителите немаат 21 година во време на извршување на делото неможат да бидат осудени повеќе од 20 години. Зарем тоа не е доволно олеснителен момент за овие лица. Биле млади, зарем Никола беше стар. Зарем се двоиме во Република Македонија на млади и стари. Не, тоа не би требало да биде така. Затоа ние овдека дојдовме да изразиме еден мирен протест и револт. Доставивме на јавниот обвинител едно барање да го продолжи процесот да бара максимална казна од третостепениот суд, односно од Врховниот суд и се надеваме дека Врховниот суд тоа ќе го усвои, односно да ја потврди онаа 19-годишна казна што ја изрече првостепениот суд, изјави таткото на Никола, Тони Саздовски по поднесувањето на жалбата.

Со членството во ОН нашата држава се етаблираше на меѓународна сцена, како самостојна и независна држава, еднаква во меѓународното семејство на народи. Во изминатите 28 години поминавме многу предизвикувачки моменти и премрежија кои бараа храбри одлуки. Со мудро лидерство, разумни политики и обединетост сите успеси ги постигнавме откако станавме членка на ОН. Да останеме обединети, силни и посветени и во овие тешки моменти да ја направиме заканата од коронавирусот да биде минато со одговорно однесување на сите.

Сарачини: Во овие тешки денови, кога вирусот КОВИД-19 коси и секојдневно нè потресуваат лоши вести за голем број наши починати и заразени сограѓани, пријатели, роднини, охрабрувачка е веста за средбите на верските лидери со претседателот и премиерот на државата и заедничките пораки за почитување на мерките, внимателност и заедништво во борбата со страшната пандемија.

Секој одговорен граѓанин на оваа држава, посебно политичар, ако добие каква било информација за некакви нелегални дејствија, ако има за тоа некакви сознанија, треба да ги сподели најпрвин со обвинителството. Меѓутоа, знаејќи дека има таква истрага, овие податоци се споделуваат во јавноста, во еден момент кога се знае дека ќе имаме реализација на истрагата. Тоа не може на никаков друг начин да се нарече освен обид на саботирање на истрагата, а од кои причини мислам дека ќе се покаже во наредниот период, за тоа треба обвинителството да реагира, треба да се утврдат овие факти.“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски

 

 

Next Post

„Inseparable“ е новата песна на Brass Brothers

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk