Неопходен е законот за потекло на имот, кој ќе побара информации секој граѓанин да докаже од каде му е имотот, врз основа на што го стекнал, дали е наследство, дали го купил, некој му го подарил или како било. Советот на Европа не поддржува, ни обезбеди консултант со кој ќе го започнеме процесот за подготвка на овој закон, тоа е број еден потребен закон во државава, рече претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.
Со законски измени се предлага изедначување на цените за лекување ковид пациенти во приватните болници со оние на ФЗО. Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид- пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид-центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализаци, објави на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче. Максимално да се придржуваме до мерките, апелира министерот.
Заев на денешната презентација на концептот Отворено владино партнерство (ОВП), на која присуствуваше и генералниот директор на ОВП, од канцеларијата во Њујорк Санџај Прадхан, истакна дека основната цел на Отвореното владино партнерство, а и на Владата се промовирање на транспарентност, поддршка на граѓанското учество, борба против корупцијата и искористувањето на новите технологии во јавната администрација.
Основниот суд Скопје, во денешното рочиште на обвинетите во случајот „Трезор“, им изрече затворски казни. Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како првообвинет во случајот „Трезор“, доби казна затвор од 8 години. Основниот Суд Скопје, на поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски му одреди казна затвор од 5 години.
Охрид е убав и во пролет, во есен, во зима, особено во лето… Впрочем Охрид е секогаш убав. Младата охриѓанка Нина Ангелоска, на која хоби и е фотографијата, секојдневно ја чести нејзината публика со прекрасни фотографии од Охрид и околината. Фотографии од стариот дел на градот, до селата и урбаното градско подрачје, се само дел од нејзиното големо портфолио.
М. Миткоска