Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Одлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски услуги, предложена од кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против коурпцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Со неа, за прв пат се ограничуваат трошоците за услуги во угосителски објекти во државата при одржување на работни состаноци.
Министерството за здравство ја информира јавноста дека во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи граѓани од 73 и 74 години.