Продолжувањето на сегашните рестриктивни мерки по 20 април ќе зависи од индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Ако има потреба да, ќе ги продолжиме, рече министерот, додаде дека здравствените работници ќе го добијат бонусот од пет проценти овој месец.
Фирмите и самостојните вршители на дејност за помош за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки ќе може да аплицираат до 30 април годинава. Пролонгирањето е направено преку усвоен амандман денеска на Комисијата за Комсисијата за финансирање и буџет, каде се разгледуваат законските решенија од петиотиот пакет антикризни мерки.
Заев ја прифати оставката на секретарот за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на Програмата на Владата Драги Рашковски, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски и го повтори ставот дека набавката на софтверот за контрола во сообраќајот е спроведена во целосно транспарентна процедура во целосна согласност со Законот за јани набавки.
Оставката на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија не влијае на работата по предметите поврзани со него и постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите, информираат од Државната комисија за спречување на корупцијата – ДКСК.
Пресудата против обвинетите во предметот „Трезор“ меѓу кои е и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков, е уште една во низата потврди дека времето кога некои поединци беа над законите и дефинитивно е завршено, истакна пратеникот од СДСМ Миле Талевски на денешната прес-конференција.
Фирма на семејството Заеви, компанијата „Тотал Инженеринг”, денеска донираше комплетно опремено амбулантно возило за транспорт на пациенти на струмичката болница. Како што соопштија од болницата, покрај возилото, донирана е и заштитна опрема за вработените во Ковид центарот.
На денешен ден пред 9 години се случи грозоморното убиство на Смилковско езеро. Пет млади животи згаснаа без никаква причина, без никаков суд. Веста одекна брзо и посеа шок, гнев и жалење. Неизмерна тага и жал. Вчудовиденост, згрозеност и неверување дека е можно вакво нешто. За дамката врз овој монструозен чин да биде поголема и подлабока, после настанот, во многу придонесоа и тогашните власти, пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.
М. Миткоска