Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва изјави дека истрагата за случајот „Двојник“ во врска со злоупотребите при издавање на пасоши, ќе се прошири, без разлика дали се работи за структури во МВР или надвор, и без разлика колку високо ќе се дојде во хиерархијата на полицијата.
Министерот Бектеши во гостувањето на Телевизија 24, рече дека пакетот закони кои произлегуваат од Петтиот сет мерки за поддршка на економијата, во текот на утрешниот ден ќе бидат ставени на дневен ред на седница во Собранието, со што конечно ќе се очекува да бидат изгласани, пред сè Законот за финансиска поддршка на исплата на плати.
Согласно заклучокот од денешната координација кај Џафери, пратениците утре ќе ја продолжат расправата по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за периодот 2021-2025.
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против 11 лица во врска со злоупотреби извршени при издавањето на патни исправи. Со поднесениот предлог, 10 лица се обвинети за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, а едно лице е обвинето за поттикнување при извршувањето на истото кривично дело.
Министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи попладнево учествуваат на видео состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО.