Премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши на средбата во Собрание постигнаа договор, но детали ќе се соопштат откако ќе се стави на хартија предлогот со точни правни формулации.
Пари во буџетот има за реализација на петтиот пакет антикризни мерки. Буџетот е стабилен и има добра наплата и во Управата за јавни приходи и во Царината, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Додаде дека законот важи еднакво за сите. Институциите на истрагата си ја вршат својата работа. Нема недопирливи, ниту од власта, ниту од опозицијата, коментирајќи го случајот со набавката на софтверот за контрола на сообраќајот.
Откако утрово по наредба на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција е приведен Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, реагира дека требало да се спроведе Рашкоски во суд со лисици на рацете. Мицкоски се изгуби во преводот од својот коментар. Тој со оваа објава сака да не потсети на спроведувањата и тортурата врз обвинетите, а сè уште не осудени лица, како што беше пракса за време на режимот на неговиот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Состојбата во болниците е стабилна во смисла да нема некој голем и неконтролиран наплив на пациенти во сите јавно-здравствени установи во Скопје и насекаде во државата, вели Филипче. Филипче во вторник на разговори во Белград за стратешки план за набавка на вакцини од „Торлак“ понатаму.
Владата на Република Северна Македонија го почитува основното право на синдикалното организирање и правото на протест, вклучително и вчерашниот протест на Конфедерацијата на слободни синдикати. Владата ќе продолжи да „претерува“ со почитувањето и обезбедувањето на работничките права и со социјално-економска поддршка на работниците.
М. Миткоска