ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Заморени од рестрикциите Италијанците го чекаат враќањето на нормалниот живот

April 19, 2021 18:39
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Италијанскиот премиер, Марио Драги, најави ублажување на ограничувањата, што наиде на нескриени симпатии кај Италијанците, додека  претседателот на фармацевстката компанија „Фајзер, Алберт Бурл, е оптимист дека од есен луѓето ќе се вратат кон нормалниот живот.

Додека Италијанците со нетрпение очекуваат наскоро да излезат од блокада, првиот човек на фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е оптимист дека благодарение на вакцините од претстојнава есен ќе се вратиме во животите што ги живеевме пред пандемијата.

Премиерот Марио Драги во петокот соопшти дека од 26 април ќе дојде до значително олеснување на ограничувањата во земјата. Новата политика на владата медиумите ја нарекоа „повторното отворање на Италија“.

Драги ги воодушеви Италијанците со пораката дека повторно ќе се воведе жолта зона за регионите каде епидемиолошката состојба е најмалку лоша. Ова значи дека во делови од земјата ќе има отворени училишта за ученици од сите одделенија, дека граѓаните ќе можат слободно да се движат меѓу регионите, рестораните и баровите ќе ги служат гостите на отворено, ќе се отворат кината, театрите и музеите, ќе можат да се играат спортови на отворено….

„Владата ги донесе одлуките за олеснување на мерките врз основа на податоците дека епидемиолошката состојба се подобрува, иако не драматично. Презедовме значителен ризик и затоа апелираме до граѓаните и институциите да ги почитуваат мерките за заштита“, рече Драги, пренесува „Република“.

Италијанците веќе почувствуваа здив на слобода минатата недела откако повеќето региони се префрлија од црвена во портокалова зона каде ограничувањата се нешто поблаги. Овој месец, според владиниот декрет, никој не може да биде во жолтата зона.

Повеќето Италијанци, уморни од различните ограничувања што траат веќе 14 месеци, со воодушевување ја поздравија веста за отворање на земјата, но укинувањето на блокадата сè уште не е одобрено од сите.

Во петокот, исто така, можевме да ги прочитаме и оптимистичките прогнози на претседателот на Фајзер, Алберт Бурл, кој во интервју за „Кориере дела сера“ кажа дека сите проблеми со испораката на вакцини ќе бидат решени за неколку месеци.

„Верувам дека оваа есен ќе се вратиме во нормален живот. Во иднина, Ковид-19 ќе биде како грип“, изјави првиот човек на една од најголемите фармацевтски компании во светот.

Бурл соопшти дека „Фајзер“ овој квартал за четири  пати ќе ја зголеми испораката на вакцини во земјите на Европската унија: Откако од јануари до март достави 62 милиони дози, до крајот на јуни тој ветува бројка од 250 милиони испорачани вакцини.

„За 2022 и 2023 година се подготвуваме да ги зголемиме испораките во Европа за неколку стотици милиони дози. Нашата производна мрежа ќе може да произведува повеќе од три милијарди дози годишно следната година“, рече тој.

Next Post

Царовска на средба со директорите на основните училишта: Tечат подготовките за имплементација на новите наставни програми за прво и четврто одделение

Shortcut

Најново

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

А бе стока народ сме!

October 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk