ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Зад нон-пејперот се крие европската националистичка десница и треба да бидеме внимателни, денес се вакцинираат пратениците, ДИЖС со остра критика кон инспекторите кои со прикривање остваруваат материјална корист

April 23, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот инспекторат за животна средина го осудува секој обид на инспекторите да остварат материјална корист од прикривање на законски прекршувања на загадувачите. Соработката која ја воспоставивме со Министерството за внатрешни работи за случаи поврзани со загадување на животната средина дава резултати, велат од ДИЖС.

Се уште не стивнуваат реакциите откако минатата недела словенечкиот портал „Нецензурирано“, објави нон-пејпер. Германија одлучно го отфрлува нон-пејперот за промена на границите на Балканот, аналитичари предлагаат Брисел да го осуди документот.

Колку и да мислевме дека прекројувањето на границите на Западен Блакан е завршена работа со прогласувањето на независнота на Косово, деновиве повторно се појави некој нов картограф кој вели дека тие не се добри и дека треба да се направи некоја голема Србија, голема Албанија и нешто поголема Хрватска, дека треба потполно да се минимизира БиХ, која би била на границата на исчезнување и сето ова што се појави не е случајно. Зад нон-пејперот се крие европската националистичка десница, и треба да бидеме внимателни, вели аналитичар и колумнист Бошко Јакшиќ.

Без оглед кога и да се случи формирањето на новата влада во Бугарија, двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување со цел да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо. Доколку дојдат до таков заклучок, Австрија е секогаш подготвена да ги понуди своите капацитети како посредник, посочува шефот на Австриската дипломатија Шаленберг.

Во салата „Борис Трајковски“ денеска се вакцинираат пратениците, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација. Како што информира Министерството за здравство, вакцинацијата ќе се одвива во три групи, од 10 до 18 часот.

Процесот на имунизација против Ковид-19 на територијата на целата држава се одвива добро. Апелирам уште еднаш граѓаните да се пријават за вакцинација на сајтот vakcinacija.mk. Околу 150 илјади граѓани во овој момент се пријавени и тоа ќе биде начинот на кој ќе го продолжиме процесот на имунизација, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Oд понеделник 26.04.2021 година, почнува етапната исплата на априлските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

М. Миткоска

Next Post

ССМ ја презентираше новата мобилна алатка за пријавување на прекршени работнички права

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk