ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Стојко на крстопат: Да носи добри решенија како директор или да бара пет минути слава на Фејсбук?

Пауновски не им остави простор за избор на Премиерот и Владата. Тие не можат да постапат поинаку освен да му се заблагодарат за услугите... Затоа, сега може да излезе на тротоарот пред институцијата и да биде Фејсбук херој.

April 24, 2021 13:02
in ESPRESSO, ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Дајте да ги симнеме ракавиците и да си кажеме кои се мотивите на првиот меѓу пазарните инспектори, бидејќи се далеку од доменот на неговата работа, иако драмскиот заплет му е, се разбира, поврзан со „професионалните стандарди“.  Однесувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски е, најблаго речено, чудно. Наизглед, како да не знае кои му се одговорностите и овластувања, па целосно ги занемари и со леснотија ја злоупотреби функцијата директор настапувајќи во јавноста како човек на кој му се итно неопходни пет минути слава на Фејсбук.

Пауновски добил 15 нови вработувања, независно од стратегијата К-5 за вистинско ангажирање на „рамковните“ во системот. И тоа е владина одлука. За таа одлука Пауновски не кажа ништо во својата „Фејсбук офанзива“. Веројатно само тој знае зошто реши преку ноќ да го измине патот од професионалец и директор на државна институција до некој што аматерски реагира на Владина одлука…

Ако сакаше да решава проблеми, што е одлика на успешен директор, требаше да ја спроведе владината одлука, бидејќи тоа му е задача, за тоа е платен од парите на граѓанките и граѓаните. Се разбира, никој не може да му го одрече правото да има свое мислење, но владини стратегии не се носат за да останат на хартија, туку да се спроведуваат. Тоа би било однесувањето на еден добар и успешен менаџер на институција. Медиумите и јавноста се тука да критикуваат или да пофалат.

Дотолку повеќе што од 237 директори на институции во кои се распоредени „рамковните“, сите освен Пауновски, се нафатија да ја спроведат одлуката, со што ќе се најде решение за овие (инаку порано вработени) административци да добијат вистински работни позиции. Впрочем, ова можеби е и добар знак, бидејќи само еден од 237 директори не постапил професионално. Да не беше Стојко, немаше да знаеме дека директорите на државните институции, сепак, совесно ги спроведуваат одлуките на Владата.

Најлошото што може да си го дозволи еден професионалец во државна институција е да се впушти во јавни препирки со Владата. Тоа на разумните луѓе им остава лош впечаток за него, а не за Владата. Несогласувањето, нека е и внатрепартиско, е една работа, но непочитување на одлука на Влада е сосема друга работа. Мора да се направи таа разлика, а потоа да се извлекуваат заклучоци. Би било невообичаено, поточно, би било крајно неприфатливо Владата да реши да ја менува својата одлука и стратегија заради ваквото однесување.

На крајот на краиштата, оваа влада решава конечно да им најде вистински работен ангажман на „рамковно“ вработените, а не да седат дома и да примаат плата. Зошто тоа би требало да му биде проблем на еден директор?

Пауновски навистина не им остави простор за избор на Премиерот и Владата. Тие не можат да постапат поинаку освен да му се заблагодарат за услугите… Затоа, сега може да излезе на тротоарот пред институцијата и да држи Фејсбук говори.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Владата отвори телефонски број за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани

June 7, 2025

Филипче од Прилеп: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

June 7, 2025

Уникатно африканско доживување на ОФФест со маестралниот Вју Фарка Туре и Флоренс Адони

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk