ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Законот за учебници гарантира еднаков пристап, децата да бидат заштитени од политиката, Денис Јанкуловски номиниран за „Европејци на годината“

April 28, 2021 18:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука реагира на прес конференцијата на групата родители кои информираат дека покренуваат иницијатива за повикување на учениците да ја бојкотираат наставата која ја организираат училиштата. Оваа одлука и постапка ќе значи директна штета по однос на воспитно – образовниот процес на младите и тоа не треба да го дозволат. Законот за учебници гарантира еднаков пристап до материјалите за учење, велат од МОН.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека во Собранието се блокирани 28 закони и покрај политичкиот договор меѓу лидерите на двете најголеми парламентарни партии СДСМ Зоран Заев и ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, и разговорите меѓу Заев и лидерите на АА и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши.

Хелсиншкиот комитет во земјава оценува дека во бројните реакции во јавноста предизвикани од најавената дигитализација и реформите што треба да го модернизираат образованието, очигледна е и инструментализацијата на ова прашање во политички цели. Апелира децата да бидат изземени од политички активности, зашто тоа е спротивно на сите меѓународни документи за нивна заштита.

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека следната недела ќе има разговори со грчките власти по кои прецизно треба да се знае под кои услови македонските граѓани ќе може да патуваат во Грција.

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На средбата беше дискутирано за соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО Алијансата, за актуелните регионални и безбедносни прашања, за надворешно-политичките приоритети на земјава и за можностите за продлабочување на соработката во справување со последиците од глобалната пандемија на Ковид-19.

Удрија по Денис и по здравствените работници. И не е чудно де, што паднаа толку ниско, од безнадежници не може да се очекува нешто поинаку. Вчера Мицкоски и неговиот потпретседател Николоски излегоа со реакции за видео снимката во која здравствениот работник Денис Јанкуловски и неговите колеги од првата борбена линија на фронтот против короната, танцуваат на релаксирачката песна од Дац и Александар во салата Борис Трајковски, каде се одвива вакцинацијата… Сепак се работи за два сосема различни светови…

Извори од белата палата на вмровците, за АХА, велат дека Мицко и Аце биле инфлагранте фатени како на цел глас ја пеат истата песна. Настанот се случил во кабинетот на Мицко, а присутни биле Николоски и уште неколку вмровци од врхушката на партијата. Мицкоски со приметно фалширање го држел првиот глас и го водел орото, додека Николоски и компанија фатени за орото, држеле втор глас и ритам.

Делегацијата на Европската унија, Скопје, ги предложи Денис Јанкуловски, Кристина Скепаровска и 3Д Принт Медицинска Опрема во категоријата „Европејци на годината“ – здравствени работници. Како што нагласуваат, наградата „Европeјци на годината“ им оддава признанија на поединци или организации кои дале огромен придонес во својот домен.

M. Миткоска

 

Next Post
Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Премиерот Заев за платите во државниот и приватниот сектор: 200.000 работници имаат зголемени плати, покачувања има и во здравството, образованието, следуваат во правосудството, квалитетот на живот расте

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk