ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Народот е незадоволен затоа што малку го онадат

May 2, 2021 12:30
in ZOOM IN, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Кога по осумдесет години национален, државен и општествен развој, нацијата ќе дозволи дискурсите да и ги диктира една група козари од Зелениково и стотина неписмени и темелно оглупавени и корумпирани новинари, не е исклучено утре средношколците да посакаат да протестираат и против таблицата за множење. Три по три не е секогаш девет ниту во животот, зошто би биле девет во математиката. Како децата во Македонија ќе ја разликуваат националната математика од светската? До кога ќе учиме иста математика со Бугарите? Истото се однесува и на хемијата. Ниту едно мало патриотче, благонадежно Македонче, не може да разбере зошто ознаката за кислородот, да речеме, е О, а не К. О, во македонската патриотска хемија, би требало да е ознака за олово. Зошто сите мерни единици во физиката се пишуваат со латинични ознаки?

Немаме ли ние во нашата прекрасна историја, азбука и јазик, македонска ознака за тоа што сега го викаме Волт. Или Ват и Тесла. Толку ли Македонија нема славни синови и ќерки да им ги тури нивните имиња на природните и техничко-технолошки феномени, да речеме Влахов наместо Волта, Черноземски наместо Тесла или Гоце наместо Херц. Ќосето за Ампер. Вака, ги оставаме децата на милост и немилост на комунистичкото наследство во образованието и науката, а комунистите, како што е познато, беа ориентирано интернационално, односно истиснуваа од науката се што е македонско.

Општеството на козарите и нивниот пребеган лидер, кој, еве, веќе три години никако да премине на левата страна на Будимпешта, не од идеолошки причини, туку затоа што неговиот прекрасен шаткаст исчекор е поширок од сите мостови на Дунав, го разобличија целокупниот процес на учење и образование како комунистичка подметачина. Тие успеаја да му покажат и докажат на Македонецот, дека знаењето не е моќ, како што со години го лажеа комуњарите, а ами пичкин дим за сигнали со кои комунистите се разбирале на дистанца во времето кога немаше мобилни телефони. Најубавите години од животот нашите деца, тие златни Македончиња, ги арчеа по  школи и факултети наместо во бројните унии и институти на вмро-дпмне. И после одеа по Германии и Канади. Вмро-дпмне обезбеди школство кое го спречува тој одлив на мозоци затоа што во Канада или Острелија сега знаат дека Македонецот што завршил на вмровските универзитети во Виница, Свети Николе или во Штип, е темелно образован глупак на кој не му се за давање ножиците за стрижење на овци, понеже постои голема и очигледна опасност дека ќе си го пресече курот. И луѓето си остануваат тука, на родното огниште, гледаат алфа или телма и си мислат:а зошто ние не би гласале за чипираните идиоти на вмро, тие ни дадоа се, нашето глупантропство и неверојатната, султанска и болкијахска комоција на тоа глупантропство, му го должиме на Груевски и на Мицковски, зошто не би им се оддолжиле со по еден глас. А Заев, што Заев ни има дадено, браќа и сестри, сте го гледале ли Житието по Брајан, што, ништо, добро, освен канализации, патишта, аптеки, болници, вакцини, лекови, мир, субвенции, плати, пензии, перспективи, Европа, НАТО.

Порано вмро-дпмне го ширеше вирусот на инфантилниот патриотизам, сега инфантилниот патриотизам го шири вирусот на презирот кон државата.

Заев е само медиум, тој не е ниту адресата на која се испраќа пратката на незадоволството, ниту содржината на пратката. Македонецот е дрогиран, овердозиран од срањата за себе и останува само уште да летне од својата нискоградба која е доволно висока за да умре во допирот со асфалтот на современоста. Го натераа да мисли дека Македонија не е за него, дека му е претешка, дека во неа се изворите на сите зла.

Глупак.

Тежок глупак.

Тоа е навистина фасцинантно.

Од ваква убавина и ваков квалитет на животот да произведеш причина не само да се самоубиеш, туку да се самоубиеш на најглуп начин, тоа ме возбудува како некоја тешка дилановска поезија.

Народот бил незадоволен.

Од што е, бе, народот незадоволен.

Од што гледа каени по телевизиските реклами, а тој вози голф тројка. Зошто тој мисли дека има право на Каен, па уште турбо, кој му го прави тоа субјективно чувство, таа перцепција на незадоволството во услови кога има сè. Или речиси сè. При што се ослободува односно го ослободуваат од вината за сопственото незадоволство.

Пред десетина дена напишав на Фејсбук:

Македонија е сјајна земја. Со убава природа, пријатна клима и пристојна инфраструктура. Во сите области. И државата е добра. Многу добра. Со функционални институции и ефикасни сервиси. Дури и луѓето не се толку лоши колку што се трудат да се убедат себе си дека се. Критиката е позерска, алибична и себична. Перцепцијата се задржува на детали, во волшебна дистанца од одговорноста, ги нагласува, ја деформира стварноста и ја отуѓува општоста од поединецот односно поединецот од општоста. Така се самопроизведуваме во несреќна нација. И се претвораме во стап со кој лудаците сакаат да ја скокнат летвичката на власта. Нервозни црви кои не сакаат да живеат во црвјосана јаболка. Ние сме благословени. Заклучувам по тоа што не нè оставаат да испариме и покрај тоа што шумите ги испосековме за да го одржуваме огнот што од гола вода ќе нè претвори во воздух. Но, да се надеваме и да се бориме за подобро, тоа – да. Секој ден во секој поглед напредуваме. Можеби критериумите се сменети, не се истите со оние од пред не знам колку години, но напредуваме според сите стандарди. Дури и на жабјиот хор на катастрофичарите од големата бара на социјалните мрежи и на смртоносните телевизии  им го одзедовме критичното ниво на деструкцијата и ги асимилиравме во општоста која оди напред. Нивното крекетање го доживуваме како убав и стимулативен музички фон. ФонВморон. Хахаха.

Добив само дваесетина лајка.

Сакам само да додадам: Ниту една држава и нација во вкупната историја на цивилизацијата, немале попрост, поефтин, поедноставен начин, да го оверат своето присуство во иднината, од Македонија. Потребно е само да бидеме нормални. Дури не ниту модерни, или паметни, само нормални, колку-толку нормални.

Запомнете една работа: Заев ќе биде последниот македонски премиер, ако по него треба да дојде Мицко.

Нема да дојде.

Понеже функцијата ќе биде укината.

Се плашам дека паметта прекасно ќе ни дојде из дупета у главу, али јебига, тражи ли сте гледајте.

 


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

Next Post

Само милијарди фунти помош и масовен извоз на вакцини можат да запрат хуманитарна катастрофа во сиромашните земји

Shortcut

Најново

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk