Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје за 62 нови случаи од направени 572 тестирања. Регистрирани се 398 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 25 починати лица.
Во последните 24 часа се направени 572 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 32, Прилеп и Штип – по 7, Куманово – 5, Струмица – 4, Кавадарци – 3, Велес, Кочани, Кичево и Виница – по 1.
Регистрирани се 398 оздравени пациенти од:
Скопје – 161, Куманово – 48, Битола – 42, Кочани – 24, Велес – 22, Штип – 16, Берово – 13, Гостивар – 12, Струмица и Гевгелија – по 10, Кичево – 7, Тетово – 6, Свети Николе и Дебар – по 5, Ресен, Пробиштип, Валандово и Богданци – по 3, Радовиш – 2, Прилеп, Охрид и Пехчево – по 1.
Пријавени се вкупно 25 починати лица: 10 од Скопје ( 69г, 71г, 71г, 71г, 72г, 73г, 76г, 83г, 86г и 86г), по 2 починати лица од Тетово (36г и 74г), Кавадарци (71г и 84г) и Струмица (56г и 69г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Прилеп (79г), Битола (72г), Велес (78г), Штип (71г), Охрид (81г), Кочани (85г), Пробиштип (63г) и Демир Хисар (70г). Еден пациент е починат во домашни услови, а останатите 24 се починати во болнички услови.
Направени се 572 тестови преку: ИЈЗ-61, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби -0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-79, Жан Митрев (Филип Втори)-100, Авицена-0, Биотек-0, Систина-123, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 209.
Досега во земјата се направени вкупно 725.240 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915.