Политичкиот аналитичар Ненад Јовановиќ вели дека критичката јавност би требало позитивно да реагира на зајакнувањата на средната класа. Тој истакнува дека во време на Груевски средната класа беше згазена, со уништено достоинство, а Заев денес ја зајакнува, ја помага, ја афирмира.
„Би требало нашата „критичка јавност” позитивно да реагира на покачувањето на платите на работниците, наставниците, професорите и докторите. Тоа се вика „зајакнување на средната класа”. Онаа класа која го движи општеството, онаа класа која беше комплетно уништена во времето на Груевски. Средната класа беше згазена, со уништено достоинство, а Заев денес ја зајакнува, ја помага, ја афирмира; тоа е класа која е најважен двигател во едно општество.“, објави Јовановиќ на Фејсбук.
Тој вели дека Заев е многу почувствителен на класните разликите од сите, како што нагласува, „критички клукајдрвци” во медиумите. Ги разбира разликите, неправдите го болат, па ги јакне слабите, ги јакне учителите, професорите и докторите, додава Јовановиќ.
„За средната класа Груевски&Мицкоски не дава(а) пет пари. Тие работат исклучиво со олигархија и крупен капитал, сите останати класи за нив во општеството се неважни, сите останати класи за нив се обично тесто за месење & гласање.
Велам уште еднаш: зошто нашата „критичка јавност” не реагира позитивно на политиката на Заев за јакнењето на средната класа?“, наведува Ненад Јовановиќ.