Професорот од Медицинскиот факултет во Скопје, д-р Нико Беќаровски, со реакција до бојкотирачите на дигиталните учебници.
„За триесет години успеавме еден од најдобрите образовни системи, да го трансформираме во најслаб во цела Европа. На сите меѓународни тестирања „блескаме” со фенерот во рака. Парадоксот да е уште поголем, сега ќе бојкотираме било какви промени.
Па барем истакнете парола: „Сакаме да сме последни. Ќе бојкотираме ако сме претпоследни”, вели во фејсбук објавата д-р Беќаровски.
За триесет години успеавме еден од најдобрите образовни системи, да го трансформираме во најслаб во цела Европа. На сите…
Posted by Bekjarovski Niko on Tuesday, May 4, 2021
„И со учебници, и со дигитални книги, сè додека нема барем 10% ученици кои ќе ја повторуваат година, максимум до 20% да бидат одлични, да биде НАЈСТРОГО КАЗНИВО ДЕЛО вршење притисок врз наставник да поправи оценка, НЕМА ОБРАЗОВАНИЕ, ТУКУ САМО ПРАЗНИ ДИПЛОМИ.
Во 21 век да бидеш против дигитализација е исто како да бараш повторно црн-бел телевизор, или да слушаш музика на магнетофон.“, реагира д-р Нико Беќаровски