ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Од 1,66 милиони претплатници во мобилната телефонија, 1,3 милиони користат мобилен интернет

May 10, 2021 12:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во последниот квартал минатата година бројот на активни претплатници во мобилната телефонија изнесува 1 862 138. Регистрирани се 248 348 деловни постпеид претлатници, а од резиденцијалните 738 956 се при пеид, а 874 834 пост пеид. Вкупно бил реализиран сообраќај од 1.589.901.314 минути, од кои 2.788.020 кон мрежи во странски држави. Остварени се 829.783 минути сообраќај од претплатници на домашен оператор кои роамирале надвор од државата, покажуват податоците на Агенцијата за електронски комуникации.

Во вкупниот број активни претплатници по тој основ во четвртиот квартал во 2020 година најголем удел има А1 Македонија со 49,76 проценти пред Македонски телеком којшто бележи 47,12 проценти. Лајка Мобајл има удел од 1,99 проценти, Роби од 1,12 проценти, а Греен мобиле од 0,01 процент.

Во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги на малопродажно ниво во последниот квартал лани  најголем е уделот на Македонски телеком каде отпаѓаат 51,7 проценти, по што следи А1 Македонија со 47,02 проценти, додека Лајка Мобајл има 0,40, Роби 0,87 проценти, Греен Мобиле 0,01 процент.

Според извештајот на АЕК, бројот на претплатнции со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G, 3G, 4G) во последниот квартал лани изнесува 1 379 354. А1 Македонија со 51,71 процент е со најголем удел во вкупниот број на активни претплатници со пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа, додека уделот на  Македонски телеком по тој основ изнесува 45,65 проценти, на Роби изнесува 1,51 процент, на Лајка Мобајл 1,11, а на Греен Мобиле 0,01 процент. Во количината на сообраќај што ја оствариле претплатниците до интернет преку мобилна мрежа А1 Македонија има удел од 52,38 проценти, а Македонски телеком, 45,65 проценти.

Во последниот квартал минатата година во фиксната телефонија се регистрирани 415.390 линии. Остварен е вкупен обем на телефонски сообраќај од 39.238.760 минути, од кои кон мрежи во странски држави  643.143 минути.

Анализата на АЕК покажува дека Македонски телеком со 53,21 процент има најголем удел во вкупниот број фиксни линии во последниот квартал лани, А1 Македонија е со 38,78 проценти, додека Роби има 4,80 проценти, Неотел 2,56 проценти и Инфел нет плус од 0,60 проценти.

извор: МИА

Next Post

Дата база за доставувачите од Западен Балкан за полесен пристап до регионалните и глобалните ланци на снабдување

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk