Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, на средбата со македонскиот премиер Зоран Заев потврдила дека поддржува формален почеток на преговорите со Северна Македонија што поскоро и решавање на спорот со Бугарија.
Премиерот Зоран Заев по средбата со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека одвојувањето на Албанија и Северна Македонија не е во ничиј интерес и дека непринципиелност од страна на ЕУ може да има безбедносни последици за целиот регион. Тој на Фон дер Лајен и порачал дека идентитетот и јазикот не смеат во ниту случај да бидат предмет на преговори во ЕУ.
Eпидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови, истакна на денешната пресконференција министерот за здрасвство д-р Венко Филипче. Министерот посочи дека бројката на примени пациенти во ковид центрите во Скопје и низ државата е се помала и се зголемува бројот на испишани пациенти на дневно ниво.
Директна соработка, размена на експерти меѓу институциите и организациите од областа на културата, размена на информации, како и воспоставување непосредни контакти во сите дејности – од литературата, театрите и музиката до заштитата на културното наследство, се дел од Меморандумот за соработка во областа на културата, што денеска беше потпишан од страна на министерките за култура на Северна Македонија и на Грузија, Ирена Стефоска и Теа Цулукиани.
Правно-институционалната рамка во однос на политичкиот критериум и поглавјето 23 е во голема мера усогласена со европските стандарди, иако во одредени области, како на пример изборниот процес и финансирањето на политичките партии, потребна е опсежна ревизија. Темпото на реформи е многу бавно, но државата се опоравува од системските проблеми утврдени во извештајот на групата високи експерти од 2015 година, а постои и нова клима и притисок за преземање на клучните реформи.