ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Немаат научни факти, но не веруваат во вакцините

May 16, 2021 16:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Исплашени и сомничави. Немаат факти, но повеќе сакаат да веруваат во „небезбедни вакцини, кои предизвикуваат еутаназија и стерилитет“, отколку на научните истражувања поткрепени со докази и факти. Таков е и нашиот соговорник, кој  од свои причини сакаше да остане анонимен.

Вели дека не верува во безбедноста на вакцините и нема намера да се имунизира.

„Јас лично не верувам во безбедноста на вакцините. Мислам дека е невозможно во толку краток период да се направи една безбедна вакцина. Сметам дека не е доиспитана, дека може да има последици по здравјето на луѓето, затоа нема да се вакцинирам. Следам повеќе Фејсбук објави од интелигентни личности во кои отворено лекари зборуваат за последиците од вакцините. Тоа ме плаши. И мојата мајка е на ист став, иако е повозрасна  и таа не сака да се вакцинира “, вели еден охриѓанец, во разговор за Фронтлајн.

Лекарите постојано апелираат, граѓаните да го следат нивниот пример и што поскоро  да се вакцинираат. Уверуваат дека тврдењата за нус ефекти по здравјето на луѓето се потполно неточни! Вакцините се безбедни и дека само со масовна имунизација ќе се стави крај на пандемијата.

И СЗО тврди вакцинацијата е безбедна, а несаканите ефекти од вакцината обично се мали и привремени, како што се болки во раката или лесна треска. Можни се посериозни несакани ефекти, но тие се исклучително ретки.

Секоја лиценцирана вакцина е ригорозно тестирана во повеќе фази на испитувања пред да биде одобрена за употреба и редовно се проверува и откако ќе се воведе, тврдат научниците.

Над 11 илјади граѓани  досега се имунизираа во Југозападниот плански регион во земјава. Процесот на вакцинација, во регионалниот центар „Билјанини извори“, тече без никакви тешкотии. Дневно се вакцинираат околу 1.500 лица од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Ресен, Дебар и Кичево.

Надлежните велат дека задоволни од интересот на граѓаните. До денес, од сите вакцинирани, нема ниту еден случај со несакани последици.

д-р Горан Балевски директор на ЈЗУ Општа болница Охрид

„Задоволни сме од процесот на вакцинација, граѓаните покажаа доволно зрелост и свест, преку вакцинација да го победиме вирусот и да излеземе од пандемијата. Со 1.500 дневно вакцинирани сметаме дека тоа е одлична бројка. Доаѓаат буквално од сите градови и села, има и повозрасни лица, но има и помлади. Очекуваме да продолжи интересот за вакцинација“, изјави д-р Горан Балевски директор на ЈЗУ Општа болница Охрид за Фронтлајн.

Граѓаните кои вчера ги затекнавме во спортскиот центар „Билјанини извори“, велат дека имаат доверба во вакцината, пристапуваат без страв и сомнеж, со цел што поскоро да заврши пандемијата.

„Очекуваме, како и сите, цел свет, дека со имунизацијата ќе биде подобро. Доаѓам од Кичево, се вакцинираше и сопругата и мојата мајка“, вели жител на Кичево.

„Верувам во вакцината. Доаѓам од Дебар, поточно од Косоврасти. Очекуваме после имуниацијата да ги тргнеме маските и да се вратиме на нормалниот живот“, вели жителот од Косоврасти.

„Не стравувам, едвај чекав да се вакцинирам, верувам во поголема сигурност“, вели жител од Струга со кого разговаравме.

„Што поскоро да се вакцинираме сите и да се заштитиме и ние и нашите семејства“, се надоврзува жителка на Дебарца.

Има голем број граѓани кои сè уште не донеле одлука за вакцинација. Се двоумат, ги плашат антивакциналните кампањи, кои секојдневно се споделуваат на социјалните мрежи.

Соња Рилковска

Next Post

Претседателот Пендаровски ќе учествува на Процесот Брдо-Бриони во Словенија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk