ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“ денес , во хотелот Парк Резиденс.
Какви се состојбите и трендовите во Северна Македонија во поглед на заштитата од дискриминација? Со кои предизвици се соочуваат институциите, заедниците, медиумите и општеството во целост во областа на меѓуетничките односи и заштитата од дискриминацијата? Кои се перспективите на нашето општество во поглед на промоцијата на европските вредности, а во таа смисла и негувањето на еднаквоста и мултикултурализмот, како и заштитата од дискриминацијата во нашата земја?
Учесници на панелот се Еран Куртиш, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Мерсиха Смаиловиќ, активистка, Ашмет Елезовски директор на Национален Ромски центар, и Џељо Хоџиќ од АОПЗ. Настанот ќе го модерира Дијана Тахири – ЦИВИЛ.
Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.