ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Кумановци да пријават за узрупација на јавно-прометни површини, апелира Димитриевски

May 23, 2021 10:51
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кумановци реагираат дека дел од угостителите и правните субјекти ги узурпираат тротоарите поставувајќи, маси, столови или друг вид опрема и го оневозможуваат нормалното движење на пешаците, посебно на лицата со попреченост и на родители со колички. И покрај ваквите реакции, до општината не е стигната ниту една поплака по писмен пат, соопштија денеска надлежните од секторот за инспекциски надзор.

– Граѓаните треба да пријават до надлежни инспекции во општина Куманово, има комунални и градежни инспектори, коишто постапуваат по пријавите. Секој оној којшто не поседува уредна документација за поставување на урбана опрема ќе биде дислоциран од таа локација и ќе му биде издадено решение да ги тргне столовите и масичките. Минимално треба да се обезбеди простор за нормална фреквенција на луѓето на јавните прометни површини, изјави градоначалникот, Максим Димитриевски.

Според податоците на секторот за комунални услуги, инфраструктура и сообраќај, од почетокот на годинава до денеска, петнаесет угостителски објекти ги регулирале давачките кон општина Куманово во однос на плаќање на давачките за закуп на просторот пред самите објекти, а 16 се во постапка.

Бобан Бојковски од секторот за инспекциски надзор вели дека службите редовно ги контролираат угостителите.

– Доколку се добие пријава од страна на граѓаните комуналните инспектори (доколку станува збор за поставени маси и столови на јавно прометна површина) излегуваат и утврдуваат дали корисникот на просторот има одобрение за користење или не. Доколку има, се контролира дали масите и столовите се поставени согласно елаборатот кој е составен дел на барањето за користење на простор на јавно-прометна површина. Ако нема, тогаш на сопственикот му се наложува да во определен временски рок ја отстрани урбаната опрема и се поведува инспекциска постапка, изјави Бојковски.

Лани, општината ги ослободи угостителите и другите правни субјекти за плаќање на надоместокот за времено користење на градежно неизградено земјиште согласно програмата за уредување на градежно земјиште на подрачје на Куманово, како дел од мерките за поддршка за надминување на последиците од корона-кризата.

Next Post

(ФОТО) Рекордни 650 кубни метри кабаст отпад собрани при акцијата на ЈП Комунална хигиена-Скопје

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk