ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Здравствен институт на Англија: Астра Зенека и Фајзер ефикасно штитат од индиската мутација

May 23, 2021 15:04
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Најновото истражување на Здравствениот институт на Англија покажа дека вакцините на компаниите Фајзер и Астра Зенека се ефикасни во заштитата на луѓето од индиската мутација на коронавирусот.

Анализата спроведена меѓу 5 април и 16 мај покажа дека вакцините на Фајзер се 88 проценти ефикасни во случај на индискиот вид коронавирус две недели по земањето на втората доза. Од друга страна, против британскиот вид коронавирус, вакцините на Фајзер покажаа ефикасност од 93 проценти.

Научниците ја испитале и ефикасноста на вакцината на Астра Зенека врз индискиот вид коронавирус. Според студијата, Астра Зенека покажала ефикасност од 60 проценти кога станува збор за индискиот вид коронавирус, што е за шест проценти помалку од заштитата што вакцината ја обезбедува од британскиот вид.

Според британски Гардијан, причината поради која постои разлика во ефикасноста меѓу двете вакцини може да биде што на вакцината на Астра Зенека и треба малку подолг период за да достигне максимална ефикасност. После тоа, вакцината, според научниците, обезбедува значително подолга заштита од коронавирусот.

– Сега е сосема јасно зошто е важна втората доза на вакцината за да се обезбеди најсилна заштита од коронавирус и сите негови варијанти, рече британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Со оглед на заштитата што вакцините ја даваат од различни варијанти на коронавирус, истражувачите истакнаа дека очекуваат вакцината да достигне максимална ефикасност и кога станува збор за намалување на бројот на хоспитализации и смртни случаи.

– Студијата покажа дека вакцините обезбедуваат високо ниво на заштита од симптоматски случаи на зараза со индиската мутација на коронавирусот. Очекуваме да обезбедат истата заштита со цел да се намали бројот на смртни случаи и хоспитализации поради зараза со коронавирусот, рече шефот на одделот за имунизација во Здравствениот институт на Англија.

Од почетокот на процесот на вакцинација во Англија, спроведени се неколку студии за анализа на ефикасноста на вакцините во борбата против коронавирусот.

Според овие податоци, програмата за вакцинација во Англија досега спречила повеќе од 13.000 смртни случаи од коронавирус, како и најмалку 39.100 хоспитализации, особено на постари лица.

извор: МИА

Next Post

Германскиот Кјурвак очекува европско одобрување на вакцина против Ковид-19 најдоцна во јуни

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk