ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

НУК: Во Комитетот да членуваат вистински угостители и да му се смени името

May 28, 2021 10:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Кој, со кого и на кој начин договарал формирање Комитет за туризам, кои се тие што одлучиле да ги игнорираат реалните и вистински угостители и зошто ни е одземено договореното и ветено право рамноправно да учествуваме во формирањето на ова тело?, реагира денеска Независната угостителска комора (НУК).

Во дописот испратен до медиумите НУК јавно прашува со кого и за кого Владата на затворена седница на 11 мај донела одлука за формирање ваков Комитет. Воедно, обраќајки се до премиерот Заев, бара корекции на членот 6 од Одлуката за формирање Комитет на туризам со што, покрај наведените членови и заменици, да се наведат и членови на НУК, Стопанската комора на туризам, како и членови на македонските здруженија Охридски еснаф, Тиквешки угостители, Антигонеа, Клуб еснаф, ЗУТ Крушево, и Прилепски меанџии.

Според НУК, треба да се смени и името на Комитетот во Комитет за туризам и угостителство за со него да  се опфати целокупната туристичко-угостителска индустрија. Такво било, дополнува НУК, и првото име на ова тело конституирано со Уредба за основање од Владата на Народна Република Македонија.

-Бараме и очекуваме премиерот Заев на следната седница веднаш да ја исправи грешката која одредени претставници на Владата ја направиле со игнорантскиот однос. Воедно бараме и очекуваме називот комитет на туризам да се промени во Комитет за туризам и угостителство со што реално ќе се опфати целокупната туристичко-угостителска индустрија, наведува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.

Тој потсетува дека во октомври Здружението на угостителство и туризмот при Стопанската комора на Северна Македонија, Туристичко-угостителска комора на Македонија во рамки на Сoјузот на стопански комори и Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ), побараа разрешување на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски и избор на нов по предлог на реалниот сектор преку стопанските комори и туристичките асоцијации.

-На молба и барање за поддршка од Здружението на угостителство и туризмот, НУК се приклучи кон барањето за смена на Јаневски и го дополни со иницијатива за промена на името на Агенцијата во Агенција за промоција и поддршка на туризмот и угостителството. Како иницијаторот Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора кое молеше за поддршка за заедничко формирање на овој Комитет и за поддршка за разрешување на директорот на Агенцијата одеднаш се најде заедно со Агенцијата прво на листата на членови во новоформираниот Комитет за туризам?, истакнува Јосифовски.

Одлуката за формирање Комитет за туризам Владата ја објави на 17 мај 2021 со напомена дека стапува во сила следниот ден, на 18 мај.

извор: МИА

Next Post

Воздухот во затворени простории може да е позагаден од воздухот надвор

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk