ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Драстично намален бројот на заразени од Ковид-19, од 1 јуни веројатно намалување на рестрикциите

May 31, 2021 07:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци во моментов се активни 1.197 случаи на заболени од Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега во земјава од Ковид-19 се заразија 155.269 лица,  оздравеа 148.664, а починаа 5.408, што укажува на драстичен пад на бројките, како и добра основа за најавеното олабавување на мерките за заштита од Ковид-19, од страна на надлежните.

Имено, откако во петокот Комисијата за заразни болести заседаваше, беше донесена одлука, врз основа на стивнувањето на пандемијата и намалувањето на бројот на активни случаи во изминатите недели,  да се достави предлог до Главниот координативен кризен штаб за олабавување на рестриктивните мерки.

Од Министерството за здравство информираа дека  Комисијата до Штабот предложила од 1 јуни заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не може да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни. Предлага и да престане да важи забраната за групирање на отворено – при групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски, да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50 проценти исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде шест.

– Спортските натпревари на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30 отсто од капацитетот на стадионот. Да им се дозволи на угостителските објекти да примаат по шест гости на една маса,  додека сите останати рестрикции за нив остануваат во сила. Полицискиот час останува во сила, наведоа МЗ.

Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување  настани и концерти на отворено, а по 15 јуни, според договорените протоколи, ќе бид дозволена и организација на ваков тип настани.

– Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени. Затоа апелираме до стопанските субјекти и граѓаните целосно да се придржуваат до препораките, повика ресорното Министертство.

Според последните информации од Министерството за здравство, поради намалениот број  новозаболени лица е намалена и оптовареноста на болниците. Во изминатиот период некои ковид-оддели беа затворени и беа вратени во функција на нивната првобитна намена.

Вакцинацијата се одвива во најдобар ред, според планираното.

Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Новитет е страницата https://vakcinacija.mk/revaccination, која е наменета за регистрација за ревакцинација на лицата кои се вакцинирале во странство. Страницата ќе биде во функција до 6 јули.

– Преку регистрацијата на граѓаните ќе можеме да добиеме детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат. Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата. На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можвме досега да ги планираме и не знаеме со што ќе располагаме во моментот кога тие треба да се ревакцинираат, наведоа од Министерството за здравство.

Се уште најголем број на новозаразени лица се бележи во Скопје. Од моменталните активни 1191 случаи, 506 се во Скопје. Според последните податоци, во Дојран и Демир Капија нема ниту еден активен случај./МИА/.

Next Post

Јуни е фокусот на Скопје за одмрзнување на поддршката од Софија, патоказот решение за предвидливост на имплементација на Договорот

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk