Министерството за финансии попладнево соопшти дека се обезбедени нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата предизвикана од корона вирусот, од коишто 80 милиони евра се од ЕУ за фискален стимул за стопанството и граѓаните и 100 милиони евра од ЕИБ за евтини кредити за мали и средни претпријатија.
НАТО е незаменлив фактор за нашата безбедност, заради што особено важно е приспособување на Алијансата кон новите закани на начин што би ја зајакнал политичката кохезија, а демонстрирање на единство и солидарност е од витално значење за справување со предизвиците што се производ на глобалните безбедносни промени
Запознавањето со туристичките и бизнис потенцијали на локалното стопанство, како и приближување и унапредување на соработката помеѓу Министерството за надворешни работи, на локалната самоуправа и на Регионалната стопанска комора, беше целта на попладневната средба во прилепската локална самоуправа, на прилепските стопанственици со претставници од МНР и од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Во Министерството за финасии работиме на план за финансирање на забрзан раст. Тоа значи дека покрај инвестиците кои ќе бидат од јавни односно од буџетски средства или задолжувања ќе има можност и за мобилизирање на приватниот капитал по примерот на Јункер планот каде што се предвидуваат и нови инструменти на привлекување средства од приватен капитал
Како успеаја неспособниве предводени од Зоран Заев за 4 години да ја претворат во темен вилает оваа златна библиска земја, која беше четврта економија во Европа, во која течеше мед и млеко, а младите ја напуштаа само поради невозвратена љубов?