Слушнавме уште еден аларм, треба да сфатиме дека ова е сериозно предупредување и ние како централна и локална власт мора да направиме се што е потребно за да го заштитиме статусот, не само за нас, туку и за иднината на земјата. Тоа е најголема туристичка атракција во нашата земја, смета министетот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во врска со извештајот на УНЕСКО за Охрид и езерото.
Во текот на сите 90 минути избраниците на селекторот Игор Ангеловски доминираа на теренот, а работата им беше олеснета дополнително, по исклучувањето на Серикзан Мужиков во финишот на првото полувреме поради груб старт.
Од денес граѓаните ќе можат да патуваат по експресниот пат Штип – Радовиш, кој е комплетно завршен со должина од 23,56 километри од клучката Штип-југ до Бучим. Оваа прва фаза е завршена на 22 април годинава, пред предвидениот рок, во услови на пандемија. Кога застана целиот свет, тука се работеше интензивно. Така, во рок од три години, согласно предвидената динамика добивме завршен проект по сите европски правила за подигнување на нивото на безбедност во сообраќајот и изградба на експресен пат по најсовремени стандарди. Сакам да напоменам дека во последните триесет години ова е единствениот пат завршен пред предвидениот рок и силно верувам дека овој тренд на прецизност, висока професионалност и без никакви проектни и градежни отстапувања ќе се следи и во иднина“, рече премиерот Зоран Заев во воведното обраќање по повод пуштање во употреба на експресниот пат Штип-Радовиш, прва фаза.
Заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје е главната шпекулација која се шири во медиумите, по најавите дека ДУИ подготвува „нешто големо“. Билбордот на кој пишува „Нешто добро доаѓа“ беше погрешно преведен како „Нешто големо доаѓа“. Истиот слоган се појави и на маичките на вицепремиерот Артан Груби и министерот Крешник Бектеши. Значи, да повториме, преводот е погрешен, се најавува нешто добро, не нешто големо. И како и во секоја добра кампања од овој вид, информациите се блиндирани.
Апелационен суд Скопје денеска донел одлука поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски да се врати, односно да се спроведе во куќен притвор од затворот „Скопје“, потврдија за МИА од Апелациониот суд.