ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Обезбедена нова опрема за следење на ефектите од процесот на чистење на линданот во „Охис“

June 14, 2021 12:07
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Лабораторијата за хроматографска анализа на Институтот за хемија при Природно-метематичкиот факултет денеска беше презентирана нова опрема која ќе служи за мерење на загаденоста на воздухот и почвата за време на процесот на чистење на останатиот линдан и неговите изомери во фабриката „Охис“.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини нагласи дека му претставува чест да присуствува на настанот што ја потврдува нивната цел за решавање на долгогодишните проблеми со загадувањето.

– Овие активности се дел од подолгиот процес во којшто сме вклучени, повеќе од една деценија со цел да најдеме решение за жешките точки во нашата земја, особено локацијата „Охис“. Како што знаете ние потпишавме договор за соработка со УНИДО и со УНОПС којшто треба да почне во текот на јули. Овие фондови потекнуваат од Кралството Норвешка, проектот ГЕФ, како и од фондови на Владата на Република Северна Македонија. Ова е огромен чекор којшто е со историско значење затоа што ќе овозможи понуда на решение за проблем со којшто се соочуваме со децении, рече Нуредини.

Министерот наведе дека тоа ќе биде еден мал чекор за започнување со чистење на загаденото земјиште којшто ќе води кон еден поголем чекор на посеопфатно чистење на земјиштето.

– Сакам да изразам благодарност до Кралството Норвешка што го поддржа Институтот за хемија при ПМФ со донирање на специфични инструменти коишто ќе ни овозможат мерење на загаденоста на земјиштето и на воздухот но и прочистување на загаденото земјиште и воздухот, истакна Нуредини.

Заменик-амбасадорот на Норвешка Геир Јохансен изрази благодарност што веќе три години соработувааат со Владата во делот на донирање на 1,5 милиони евра за санација на загаденото земјиште со линдан во делот на фабриката „Охис“.

– Во рамки на проектот Нордик прогрес ние успеавме да донираме опрема со којашто може да се мери степенот на загаденост на земјиштетот во предлот на „Охис“. Оваа опрема што ја дониравме ќе му овозможи на Институтот да се прават точни мерења, исто така и да се стекне поголем легитимитет за научните наоди. Многу сме среќни што саработуваме со Владата на РСМ и среќни сме што ќе ја продолжиме таа соработка, порача Јохансен.

Марина Стефова од Институтот за хемија изрази благодарност за добиената опрема за Лабораторијата за хроматографски анализи којашто е насочена за анализа на органохлорни пестициди, во примероци од почва и воздух за време на процесот на чистење за останатиот линдан и неговите изомери во фабриката „Охис“.

– Лабораторијата за хроматографски анализи функционира повеќе од 20 години и го има потребното искуство и знаење за изведување на овие анализи и токму со оваа нова опрема сега всушност ќе одиме и во една насока на истражување и мониторинг токму на овие загадувачи, наведе Стефова.

извор: МИА

Next Post

Вистиномер: Отец Здравески шири лаги за составот на вакцините против ковид-19, МПЦ поддржува вакцинација

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk