ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба Бектеши-Лиубченко:Поголема либерализација во трговија помеѓу Северна Македонија и Украина ќе биде значаен поттик за зголемување на економската соработка

June 15, 2021 16:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работна средба со првиот вицепремиер и министер за економија на Украина, Олексиј Лиубченко. Тема на разговор на средбата помеѓу министерот Бектеши и неговиот хомолог Лиубиченко беше претстојната Трета седница на Меѓувладината Македонско украинска комисија за следење на Договорот меѓу Македонската Влада и Украинската Влада за трговска и економска соработка која што ќе се одржи во среда 16 јуни во Киев.
Министерот Бектеши ќе биде ко-преседавач на оваа седница заедно со заменик министерот за економија, трговија и земјоделство Тарас Качка кој е назначен од украинска страна.
Министерот Бектеши истакна дека билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Украина се карактеризираат си меѓусебна поддршка и почитување, и дека традиционалното пријателство помеѓу двете земји претставува предуслов за стабилна основа за соработка која се надева дека ќе продолжи со позитивен тренд и во периодот што претстои сите области од заеднички интерес, а посебно на економски план.
Министерот потенцираше дека како резултат на плодната соработка во последните две години односно пред пандемијата, успеавме за граѓаните на двете земји да им овозможиме безвизен режим за краткорочен престој од 90 дена, директен авио лет Киев-Скопје и обратно, како и збратимување на 7 општини од Северна Македонија и Украина, што значи дека се интензивира севкупната соработка, преку олеснување на деловните врски и контакти меѓу двете земји, како и развој на туризмот.
Министерот Бектеши на состанокот потенцираше дека двете земји имаат исти приоритети, а тоа се евро-атлантските структури, при што од секаков вид на  взаемна поддршка на патот кон придружување во евроатланските организации е добредојдена, а тоа се потврдува и со Планот за политички консултации што двете Министерства за надворешни работи го потпишаа пред пандемијата.
Министерот посочи дека оваа година, двете земји во рамки на билатералните односи, успеаа да договорат нова либерализација согласно Договорот за слободна трговија и изрази надеж дека во најскоро време ќе се потпише таа либерализација, бидејќи е значаен поттик за компаниите да можат да извезуваат
голем број на производи кои се домашно производство, без царина или со намалена царина.
Министерот и вицепремиерот се согласија дека понатамошната либерализација на трговијата помеѓу двете земји ќе биде значаен поттик за компаниите од двете земји да можат да извезуваат голем број на производи кои се домашно производство, без царина или со намалена царина

Next Post

Бектеши, Мојсовски и Тасев ја посетија подружницата на Алкалоид во Киев, Украина

Shortcut

Најново

Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

Седум фемициди и шест барања: Граѓанските организации бараат институционална одговорност

November 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk