ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Подготвени сме за взаемно прифатливо решение со Бугарија, но не по секоја цена и на штета на државните интереси

June 16, 2021 16:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Подготвени сме на искрени разговори со добра волја за постигнување на взаемно прифатливо решение со соседот Бугарија, но не по секоја цена и не на штета на државните интереси, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, на собраниската седница на Комисијата за надворешна политика, зборувајќи за преговорите што се водат поинтензивно во последните недели за изнаоѓање решение за деблокирање на ЕУ агендата за нашата држава.

Посочи дека процесот е сложен и дека немањето политичка влада во Бугарија е сериозна пречка, поради што не сакаат да ги подигаат очекувањата на граѓаните.

– Важно е да се нагласат следните факти и состојби. Прво – идентитетските прашања како што се македонскиот јазик, македонската етничка посебност, Македонците, не се и не може да бидат на масата на преговори. Второ – сметаме дека предлогот на португалското претседателство претставува добра основа за преговори. Трето – настојуваме да се одржи втората меѓувладина седница меѓу двете држави од која треба да излезе соодветен протокол, а од него и акциски план, кој што треба да премине во патоказ. Четврто – комуникацијата се остварува на различни нивоа со цел да се засили целокупниот билатерален дијалог. Петто – целта е заедничка, одржување на првата меѓувладина конференција и формално започнување на пристапните преговори со ЕУ, нагласи Османи, кој се обрати на македонски јазик, посочувајќи дека тоа го прави поради загриженоста на македонските граѓани..

И да не се усвои преговарачката рамка во јуни, како што посочи Османи, веќе е создаден доволно јасен терен со сензибилизација на нашите стратешки партнери и сите земји членки во ЕУ и напорите ќе продолжат веднаш по бугарските избори во рамки на словенечкото претседателство со ЕУ.

– Нашата стратегија е да не дозволиме да се изгуби драгоцено време и подготвени сме на искрени разговори со добра волја за постигнување на взаемно прифатливо решение со соседот Бугарија, но не по секоја цена и не на штета на државните интереси. Без разлика на предизвиците ние продолжува со нашите напори на сите ниво, истакна Османи.

Нагласи дека нашата дипломатија во последниот шестмесечен период не се штедела за да дојде до сите потребни точки од кои ќе зависи почетокот на преговорите и оти е добиена несебична и јасна поддршка во јуни Европскиот совет конечно да ја официјализира одлуката за почеток на преговори, со одржување на првата меѓувладина конференција.

– Од септември 2020 година до денеска забележително е зголемување на динамиката на односите и соработката. Чинот на заедничкото одбележување на празникот 24 мај го гледам како давање простор преку заедничко честување на историските ликови чија мисија била обединувачка да и дадеме простор на историјата да ни обезбеди заедничка иднина. Во таа насока беше и заедничкото честување на празникот на амбасадите на двете земји во Белград, Варшава, Прага и Киев. Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски прашања оствари пет официјални средби во овој период. Иако, не вродија со конкретни препораки, позитивно е што има отворена и директна комуникација. Договорено е до крајот на годината да се одржат уште две средби. Работата на комисијата е стручна и треба да остане колку што е можно понезависна и надвор од политичките влијанија. Само така, Комисијата може да работи ефективно и плодно. Комисијата веќе го усогласи годишниот извештај за својата работа, што очекуваме наскоро да биде потпишан, изјави Османи.

Во последните девет месеци, оцени дека се зголемила соработката и политичкиот дијалог меѓу двете земји, потсетувајќи дека Владата го назначи Владо Бучковски за специјален претставник во Софија, како и дека е постигнат договор за соработка меѓу националните телевизии и размена на дописници меѓу националните агенции.

извор: МИА
Next Post

Попладневен преглед: Ќе ја искористиме желбата за разговори со Бугарија за португалскиот предлог, додека ние сме на автопатот, тие се во мрачните тунели

Shortcut

Најново

Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk